Дете со Даунов синдром отстрането од бината за време на Божиќната претстава во неговата градинка (ВИДЕО)

Додека другите деца пеат на сцената, Јаков е на клупата, игра и чека сѐ да заврши. Зошто не можеше да излезе на сцената и зошто беше отстранет од неа? Прашува мајката на петгодишниот Јаков, дете со Даунов синдром од гратчето Широки Брег во БИХ.

2.059

Случајот со петгодишното момче со Даунов синдром од Широки Бријег (БИХ), кое беше отстрането од сцената за време на божиќната претстава во градската градинка Трноружица, шокираше многумина. Мајката Драгана објави две видеа на социјалните мрежи. Во првото се гледа како една од воспитачките го трга малиот Јаков од сцената, а се слуша како неговата мајка ѝ вели: „Пушти го“ и видеото за кратко завршува.

После тоа, мајката објави уште едно видео кое предизвика најмногу реакции. На него се гледа како Јаков седи на клупа во ходникот додека претставата се уште трае.

„Божиќна претстава, време на благосостојба, љубов и мир, Јаков и Рита ќе учествуваат во божиќната претстава, која ја подготвуваат со недели претходно. И јас сум таму од страна и чекам да ги гледам моите деца. Рита оди на сцена во група со други деца, Јаков е во скутот на воспитачката и седат на стол. Сите други деца се на сцената подготвени за настап. Ја прашувам зошто Јаков не е на сцена, ми вели подобро да не оди, ќе им пречи. Во шок го земам Јаков со себе, тој со рака постојано покажува дека сака да оди кај другите деца… Останатото погледнете го во видеото“, пишува оваа мајка.


„Буквално ме болеше душата, таква тага и незадоволство не сум почувствувала. Ме заболе затоа што на моето дете кое сакаше да биде со другарите, сакаше да учествува, сакаше да се забавува, не му дозволија. На божиќната претстава му беше одземено правото да биде дете и да биде среќно момче. Зошто? Зошто да молчам сега? Зошто им пречи дете што ќе танцува? Уривање на угледот на градинките? ШТО САКАТЕ СОВРШЕНА СЛИКА ВО ДЕТСКАТА ГРАДИНКА И СОВРШЕНА Божиќна претстава?

Да расчистиме, во никој случај не ги осудувам воспитачките, тие само прават што ќе им кажат. Затоа што знам дека работеа со Јаков и се подготвуваа за претставата. Тие се прекрасни и никогаш немавме проблеми со нив. За жал, прават како што им е кажано!“, продолжува мајката во своите коментари за видеото.


Кога ја прашала директорката на градинката зошто Јаков не учествува, таа ѝ рекла: „Госпоѓо, ако не ви се допаѓа, има уште 10 градинки, слободно одете!
Се разбира дека ќе одиме, но нема да молчиме, никој не го заслужува тоа, а најмалку 5-годишно дете“, изјавила мајката за тамошните медиуми.

Јаков ја посетувал оваа градинка од 2019 година и мајката вели дека со Јаков немало никакви проблеми и дека секогаш бил прифатен од воспитачките и од другите деца и дека со задоволство одел во градинка, но дека тие сега веројатно морале да послушаат нечија наредба.

На прашања од новинарите управителката на градинката, Зденка Зовко, рекла дека станува збор за недоразбирање.

Рекла и дека е подготвена да се извини, но смета дека нема причина за тоа. Во меѓувреме, мајката тврди дека ги отпишала децата од таа градинка и дека планира да ги запише во друга градинка бидејќи им треба социјализација и дружење исто како и на другите деца.

„Над половина милион луѓе го видоа овој настан на социјалните мрежи, ако тоа не е доволно за реакција од надлежните институции – излишно е да кажам што било“, заклучила Драгана.

Повеќе