Семејство посетило парк во кој не се дозволени мобилни телефони. Еве што заклучиле

Дали додека сте на одмор сте им посветени навистина на своите деца или сте повеќе преокупирани со тоа да направите подобри фотографии и да ги ставите на социјалните мрежи? Искрено?

372

Семејството Ролинс го започнало летото со патување во таканаречената Тивка зона. По еден месец работа во смени и постојани вируси кај децата, сопругот на Ана Ролинс изнајмил кабина во државниот парк Ватога во Западна Вирџинија. Се возеле со чамец, ловеле риби и пливале во езерото. После тоа, пешачеле со своите два мали синови по пешачките патеки.

„Кога стигнавме до паркот, видов порака дека мојата пријателка штотуку родила девојче. Напишав поздрав, стиснав „испрати“ и добив порака дека пораката не е испратена“, пишува Ана Ролинс за Инсајдер.

Тогаш сопругот ѝ кажал дека се на место каде што нема сигнал.

„Тоа е всушност нелегално овде“, ѝ рекол тој.

Мобилната услуга овде е забранета поради близината на опсерваторијата Грин Банк, во која се наоѓа телескоп што може да детектира радио бранови оддалечени светлосни години.

„За да спречиме нашите копнени уреди да се мешаат во научните истражувања, владата ја прогласи областа околу опсерваторијата за тивка зона“, додава Ролинс.

Ана тогаш почувствувала потреба да разговара со другите посетители на паркот. Како и многу луѓе кои не живеат овде, таа се борела со фактот дека не може да користи мобилен телефон. Испробала разни трикови, а потоа сфатила дека тоа што е тука ја прави подобар родител.

„Кога влеговме во нашата кабина, беше време за вечера. Почнав да готвам, а син ми се измочка и почна да плаче. Веднаш го грабнав телефонот од задниот џеб и сфатив дека ништо од тоа. Морав целосно да се посветам на нередот“, се сеќава таа.

По вечерата, семејството отишло на кратка прошетка.

„Случајно избравме една патека бидејќи мојот син рече дека е поубава. Сфатив дека оваа проценка е подобра од се што ќе можев да најдам на интернет“, вели таа.

Кога се разбудиле утрото, Ана наместо да посегне по мобилниот телефон, се свртела кон синот.

„Тој сè уште спиеше. Го слушав звукот на неговото ритмичко дишење. Се загледав длабоко во неговото лице и го проучував начинот на кој светлината го оцртуваше. Во оваа тишина сфатив дека сум целосно присутна.

Дали додека сте на одмор сте им посветени навистина на своите деца или сте повеќе посветени на тоа да направите подобри фотографии кои ќе ги ставите на социјалните мрежи? Искрено?

Повеќе