Шеќерната волна може да предизвика рак? Некои индиски држави ја забраниле продажбата на омилената детска закуска

Експертите тврдат дека ова слатко, лепливо и обоено детско задоволство кое е популарно кај децата, може да предизвика рак. Некои земји ја забраниле употребата на спорната супстанца како боја за храна

204

Дали шеќерната волна може да предизвика рак? Некои индиски држави мислат така и ја забранија продажбата на ова слатко задоволство во боја.
Минатата недела, јужната држава Тамил Наду ја вовела забраната откако лабораториските тестови потврдиле присуство на супстанца што предизвикува рак, Родамин-Б, во примероците испратени на тестирање.

Претходно овој месец, сојузната територија Пудучери ја забранила шеќерната волна, додека другите држави почнале да ги тестираат нејзините примероци.

Шеќерната волна е популарна кај децата ширум светот, а тие ја сакаат поради неговата леплива текстура што се топи во устата. Но, некои индиски официјални лица велат дека е позлокобно отколку што изгледа, пишува Би-Би-Си.

П. Сатиш Кумар, службеник за безбедност на храна во градот Ченаи во Тамил Наду, рекол дека состојките во шеќерните волни можат да доведат до рак и да влијаат на сите органи во телото.

Неговиот тим минатата недела извршил рација кај продавачите на шеќерна волна на градската плажа. Кумар рекол дека слатките што се продаваат во градот се произведени од независни продавачи, а не од регистрирани фабрики.

Неколку дена подоцна, владата објави забрана за нивна продажба, откако лабораториските тестови во примероците открија присуство на хемиското соединение родамин-Б. Хемикалијата дава флуоресцентна розова нијанса и се користи за боење текстил и козметика.
Истражувањата покажале дека оваа хемикалија може да го зголеми ризикот од рак, а Европа и Калифорнија ја забраниле нејзината употреба како боја за храна.

Додека ја забранувал шеќерната волна во Тамил Наду, министерот за здравство Ма Субраманијан рекол дека употребата на Родамин-Б во продажбата и послужувањето храна ќе биде казнива според Законот за безбедност на храната.

Повеќе