Што да се прави и што да се избегнува кога детето покажува непочитување: Неколку совети од психолог

Како што објаснува психологот, непочитувањето на детето може да биде знак дека му треба помош во учењето на општествено соодветни начини за справување со лутината, соочување со фрустрациите и делотворно комуницирање

2.877

Справувањето со проблемот на непослушноста кај децата никогаш не е лесно. Згора на тоа, ако има и елементи на непочитување кон родителите, наставниците или друг авторитет во неговото лошо однесување, целата ситуација е уште покомплицирана, објаснува психологот Ејми Морин.

„Без разлика на тоа како детето покажува непочитување, важно е да се реши проблемот пред да се влоши. Студијата од 2015 година на истражувачите од Универзитетот во Вирџинија покажала дека децата кои немаат почит на рана возраст веројатно ќе бидат непристојни кога ќе пораснат. Децата мора навреме да научат како да се однесуваат кон другите со почит за да можат да развијат здрави односи со врсниците, наставниците и членовите на семејството“, предупредува Морин, која додава дека постојат одредени начини на кои родителите можат успешно да се справат со непочитувањето кај децата, но и да спречи ова однесување да стане навика.

Како што објаснува психологот, непочитувањето на детето може да биде знак дека му треба помош во учењето на општествено соодветни начини за справување со лутината, соочување со фрустрациите и делотворно комуницирање, а тоа можете да го постигнете на следниве начини:

игнорирајте го однесувањето кое бара внимание
најдете ја причината за фрустрацијата на детето
поставете јасни граници
дајте му до знаење на детето кое однесување не е дозволено
избегнувајте викање и физичко казнување
не кажувајте работи што не ги мислите
покажете разбирање.

Повеќе