Четиригодишно девојче стана ѕвезда на социјалните мрежи откако му го покажа средниот прст на својот татко затоа што ја задева. Ниа Матанги во вирално видео ја покажа својата дрска страна и целата ситуација поттикна некои да го критикуваат нејзиниот татко Илај.
Малото девојче се расплакало откако нејзината сестра случајно ја удрила додека играле рагби, што го поттикнало нејзиниот татко да ѝ каже дека треба да зацврсне.
„Да зацврснам? Замолчи“, му одговори Ниа на својот татко, а потоа му го покажа средниот прст и продолжи да плаче. Илај гласно се смее и додека некои од луѓето кои го гледале видеото кое на Тик Ток има 6,7 милиони прегледи, мислат дека е смешно, други го критикуваат заради тоа.
„Премногу е добра“, „Ме насмеа до солзи“, „Ќе бев казнет 10 години ако им го направев ова на моите родители“, „Зошто се смееш на ваквото однесување“, се коментарите на некои од луѓето, а Илај решил да одговори на некои од нив.
„Да се зборува за тоа како ваквото однесување е неприфатливо е за друга пригода. Да бидам искрен, го заслужив ова. Луѓето беа вознемирени поради тоа што едно дете покажува среден прст и се согласувам дека таа не треба да го прави тоа, но сѐ се сведува на контекстот и ситуацијата. Не се сметам за строг родител, но имаме граници и вредности на кои ги учиме нашите деца“, вели тој.