Што е постпoрoдилно опсесивно компулсивно нарушување?

По случајот со родилката која се обиде да си го одземе животот неколку дена по породувањето, побаравме повеќе информации за состојбата на постпородилна психоза. На родилките им се советува ако забележат зачестено појавување на вознемирувачки или насилни слики во главата, дека постои голема можност да имаат постпородилно опсесивно-компулсивно нарушување

553

Ако неодамна сте се породиле и во некој момент сте помислиле дека може да си наштетите себеси или на вашето дете или сметате дека не сте доволно способни да се грижите за вашето дете, мора да побарате помош што е можно поскоро. За почеток, би било многу добро да разговарате со вашиот лекар за овој проблем, a тој ќе ве усмери понатаму.

Ако сте забележале појава на зачестени вознемирувачки или насилни слики во вашата глава, постои голема можност да имате постпородилно опсесивно компулсивно нарушување.

Овие слики доаѓаат спонтано во првите неколку недели откако ќе се породите. Често може да се случи овие слики да се усмерени на тоа да му наштетите на некој начин на вашето дете, како на пример, си замислувате дека го повредувате  со нож или го ставате во рерната.

Луѓето кои страдаат од опсесивно-компулсивно нарушување гледаат опасност насекаде околу себе, поради што многу често ги мијат рацете додека не се уверат дека се чисти или имаат чувство дека не ја заклучиле вратата и постојано ја проверуваат. Некои луѓе вршат некакви ритуали за да се заштитат од овие мрачни мисли. Некои мајки рекоа дека морале да го скријат ножот или целосно да ја избегнуваат кујната за да ги избегнат лошите мисли кои би ги навеле да му наштетат на нивното дете. Од друга страна, некои мајки може да избегнуваат нормална грижа за децата, како на пример да избегнуваат капење на бебето, за да не помислат на смртта на нивното дете додека се капе. За разлика од мајките со постпородилна психоза, мајките со постпородилно опсесивно-компулсивно нарушување ги отфрлаат овие мисли и знаат да не им се препуштаат.

Лекарите забележуваат дека доколку во било кој момент имате чувство дека таквите мисли можат да ве доведат во заблуда, итно ви е потребна стручна помош за да спречите посериозни последици. Можеби имате состојба попозната како постпородилна психоза. Оваа состојба е многу сериозна, но многу ретка болест која се карактеризира со халуцинации, бизарни мисли, параноја, секаков вид на манија, немир и сериозни мисли за самоубиство. Постпородилната психоза бара итна медицинска интервенција бидејќи постои многу голема можност мајката да се самоубие и сериозно да му наштети на своето дете.

Повеќе