Скопје побеле и никнаа снешковци на секој чекор

Снегот ни го покрива срамот, односно, ѓубрето во градот, па среќни сме затоа што конечно, после толку години, Скопје е бело

31

Судејќи по бројните објави и фотографии на социјалните мрежи, сите му се израдувавме на снегот.

Пред сѐ, затоа што градов некако изгледа сега поубаво, воздухот се прочисти, а ѓубрето е под „тепих“.

Се израдуваа и стари и млади и сите излегоа да се рашетаат по снегот, а снешковци почнаа да никнуваат на секој чекор.

Секако, најубаво е првиот ден. Потоа снегот станува црн, па се претвора во кал и на крајот повторно испливува старото ѓубре.

Но додека трае, навистина е убаво.

Повеќе