Скоро сите родители чии деца ретко се разболуваат ги имаат овие навики

Многу родители, особено кога ќе залади, не ги праќаат децата надвор за да не настинат. Но, токму ова е најголемата грешка, бидејќи престојот на свеж воздух, дури и кога надвор е постудено, придонесува за зајакнување на имунитетот кај децата, што ги прави поотпорни.

361

Иако е сосема нормално децата често да се разболуваат пред да стекнат имунитет, особено ако одат во градинка или во училиште, желбата на сите родители е нивните малечки да поминуваат што помалку време болни. Токму затоа многу родители се интересираат како да го зајакнат имунитетот на своите деца, а како што објаснуваат педијатрите, докажано е дека одредени работи придонесуваат за поголем отпор кај децата.

Тие тврдат дека речиси сите родители на деца кои ретко се разболуваат имаат неколку навики до кои се придржуваат колку што е можно. Една од нив е правилната исхрана. Сите добро знаеме дека витамините и минералите, како и другите нутритивни вредности се од големо значење кога е во прашање нашиот имунитет. Исто е и со децата. Доколку се хранат правилно и разновидно, поверојатно е дека имунитетот ќе им биде посилен.

Друга навика што ја имаат повеќето родители на здрави деца е да му придаваат големо значење на квалитетниот сон. Родителите кои на своите деца им обезбедуваат доволно сон им помагаат да бидат поотпорни на можни инфекции, односно да им го зајакнат имунитетот. Истражувањата покажаа дека децата кои не спијат доволно или често се будат навечер имаат поголем ризик да бидат почесто болни од оние деца кои имаат квалитетен сон секоја вечер.

Третата навика се однесува на поминување време во природа. Многу родители, особено кога ќе залади, не ги праќаат децата надвор за да не настинат. Но, токму ова е најголемата грешка, бидејќи престојот на свеж воздух, дури и кога надвор е постудено, придонесува за зајакнување на имунитетот кај децата, што ги прави поотпорни.

А четвртата навика, но не помалку важна, се однесува на важноста на хигиената. Родителите кои уште од мали нозе ги учат своите деца за важноста на правилната хигиена, ги мијат заедно со нив рацете или забите и почесто воспитуваат деца кои ретко се разболуваат, велат педијатрите.

Повеќе