Топ листа на работи за кои родителите најмногу жалат

Истражувањето покажало дека три четвртини од родителите имаат барем една работа за која жалат што ја направиле или не ја направиле во првите неколку години од животот на нивното дете. За што најмногу жалите вие?

94

Во просек, секој родител искрено жали за пет работи што ги направил или не ги направил кога детето му било мало. Во анкетата што ја пренесе порталот Шајн, а во која учествувале повеќе од две илјади родители, родителите најмногу жалат затоа што премногу работеле, затоа што не си играле доволно со своите деца и затоа што не ги фотографирале почесто кога биле мали. Седум од десет родители признаваат дека растењето на своето дете го земале здраво за готово, додека две третини се согласуваат дека е лесно да се заборави дека нема да бидат засекогаш мали.

Истражувањето покажало дека три четвртини од родителите имаат барем една работа за која жалат што ја направиле или не ја направиле во првите неколку години од животот на нивното дете. Две третини велат дека би ги направиле работите поинаку кога би можеле да го вратат времето назад. А дури 63 отсто сметаат дека требало да направат повеќе со децата во однос на учењето нови вештини. Една четвртина се кае затоа што мислат дека на своите деца можеле да им обезбедат позабавно детство. Речиси шест од десет родители со повеќе деца признаваат дека поинаку се однесувале кон своето второ дете за да не ги повторуваат истите грешки.

20 работи за кои родителите најмногу жалат:

  1. Работеле премногу
  2. Премногу се грижеле за неважни ситници
  3. Не си играле доволно со децата
  4. Не патувале доволно често
  5. Не ги фотографирале доволно
  6. Премногу време биле одвоени од децата
  7. Не ги снимале важните настани
  8. Не ги носеле на „големи“ патувања
  9. Не ги охрабрувале да имаат повеќе видови на хоби
  10. Немале заедничко хоби
  11. Не им читале доволно пред спиење
  12. Поминувале премногу време грижејќи се за чистотата на куќата
  13. Не ги носеле доволно често на пливање
  14. Не им дозволувале често активности во кои можеле да се извалкаат
  15. Не ги научиле да пливаат доволно рано
  16. Не биле присутни на значајни достигнувања/настани
  17. Не се труделе доволно да им ги направат родендените/празниците поубави и позабавни
  18. Се однесувале прекумерно заштитнички
  19. Секогаш го чекале следното достигнување/стекнување вештина, наместо да уживаат во сегашното
  20. Не уживале доволно во секој ден
Повеќе