Со кукли кои „раѓаат“, дула сака да им покаже на децата како изгледа породувањето
Нејзините кукли се движат од оние кои го илустрираат породувањето до оние кои им помагаат на децата подобро да го разберат доењето. Симиели вели дека започнала со создавање на куклите за да илустрира како изгледа вагиналното породување. Но, како што им растела популарноста на нејзините кукли, тие станувале сѐ поразновидни.
Во слободното време, дулата Мили Симиели прави кукли кои сликовито го прикажуваат породувањето. Мислела дека овие кукли добро ќе им дојдат на децата кои наскоро ќе бидат сведоци на раѓањето на нивниот брат или сестра и сакала да ги подготви за доаѓањето на новото дете.
Милиа Симиели е медицинска сестра која со години ја негува својата страст и љубов кон трудниците и децата. Откако станала сертифицирана дула и едукатор, ја купила нејзината сега омилена машина за шиење и нејзината страст да им помага на жените и децата достигнала сосема ново ниво. Таа е горда сопственичка на продавница на Etsy каде што ги продава своите рачно изработени креации: едукативни кукли и други предмети кои учат за породување.
Милиа најпрво почнала да прави чевлички кои им ги подарувала на трудниците.
„Отсекогаш уживав да бидам медицинска сестра, меѓутоа, откако слушнав толку многу приказни за жени кои немаа позитивно искуство на раѓање, дури и оние кои посетуваа курс, сфатив дека морам да направам дополнителен чекор и да станам дула. Така станав дула и едукатор во 2014 година“, вели таа за CafeMom.
Следната година, таа и нејзиниот сопруг се преселиле во Австралија, откако му била понудена нова позиција во областа на хемиски инженеринг. „Тој ме охрабри да купам машина за шиење и да продолжам да се занимавам со моето хоби овде“, вели таа, додавајќи дека конечно успеала целосно да го посвети своето време на тоа што го сака.
Милиа дошла на идеја да направи неколку кукли со намера да ги користи за време на часовите за бременост. Мислела и дека овие кукли добро ќе им дојдат на децата кои наскоро ќе бидат сведоци на раѓањето на нивниот брат или сестра и сакала да ги подготви за доаѓањето на новото дете. Во декември 2015 година, Милиа ја направила првата кукла со која се гордее и на нејзино пријатно изненадување куклите станале хит.
„Ја споделив куклата на Фејсбук и за неколку часа почнаа да доаѓаат нарачки“, се сеќава Симиели. „Бев воодушевена бидејќи тоа значеше дека одам во вистинската насока“.
„Повратните информации што ги добивам од семејствата се исто така неверојатни. Тие велат дека нивните деца ги сакаат“, вели таа. „Постојано добивам неколку фотографии од деца кои си играат со моите креации и семејствата се враќаат да нарачаат друга кукла за да им ја подарат на нивните бабици или дули.
Нејзините кукли се движат од оние кои го илустрираат породувањето до оние кои им помагаат на децата подобро да го разберат доењето. Симиели вели дека започнала со создавање на куклите за да илустрира како изгледа вагиналното породување. Но, како што им растела популарноста на нејзините кукли, таа почнала да добива барања за кукли кои ќе покажуваат како изгледа породување со царски рез, што довело до можност за оние кои ќе прикажуваат VBAC (вагинално раѓање по царски рез).
Симиели се надева дека нејзините кукли ќе поттикнат повеќе позитивни разговори за породувањето и ќе направат помалку да се плашиме од породувањето воопшто.
Раѓањето на бебето може да биде „убав, нежен и страстен момент во животот“, вели таа. „Тоа е вистинска трансформација и момент на длабока љубов што треба да се сподели. И тоа е она што го сакам – луѓето навистина да се едуцираат за да можат да ги доживеат најпозитивните искуства од новата душа што доаѓа на овој свет“.