Со рекордно високи температури надвор, која е најбезбедната собна температура за бебето и како правилно да се излади?

Многу родители на мали бебиња се загрижени поради овој топлотен бран што нè зафати. Особено што се чини дека ова е само еден од многуте што не очекуваат летово. Дополнителна причина за загриженост е тоа што Американската академија за педијатрија постојано предупредува дека медицинските истражувања покажуваат дека високите температури се поврзани со синдромот на ненадејна смрт на доенчиња (SIDS).

313

Поради овие луди врели температури, многу родители се грижат за температурата во просторијата каде што престојува бебето. И ова обично вклучува постојано преиспитување на идеалниот број на термометарот и често вклучување и исклучување на ладењето во просторијата. Која е всушност идеалната температура во просторијата каде што престојува бебето?

Дополнителна причина за загриженоста на родителите на малите бебиња е тоа што Американската академија за педијатрија постојано предупредува дека медицинските истражувања покажуваат дека високите температури се поврзани со синдромот на ненадејна смрт на доенчиња (SIDS).

Неопходно е да се осигура дека температурата во просторијата каде што ќе биде бебето не е само пријатна, туку и безбедна. Многу експерти препорачуваат температурата во просторијата каде што е сместено бебето да се одржува помеѓу 18 – 22 °C, но при вакви топлотни бранови и екстремно високи температури тоа секако не е можно. Ниту пак е здраво, особено ако излегувате надвор во кој било момент, се разбира кога ќе паднат температурите.

Реално, температурата во просторијата каде што престојува бебето во текот на денот треба да биде до 25 степени, додека навечер би требало да биде и пониска. Треба да ја разладите просторијата, да создадете струење на воздухот ако е можно или да имате вклучен вентилатор. За дополнително ладење, можете да ставите замрзнато шише со вода пред вентилаторот. Се разбира, не треба да дува директно на бебето.

Ако нема друга опција, разладете ја просторијата со клима, но идеално е бебето да не престојува баш во таа просторија каде што е клима уредот. Исто така, можете да ставите шише со замрзната вода во собата на бебето, тоа би можело да го излади воздухот. Исто така, важно е да се обрне внимание на начинот на кој го облекувате. За време на спиењето, ако собата е околу 23 степени, на бебето му се доволни пелена и тенка маичка или боди без ракави.

Ако мислите дека на вашето бебе му е премногу жешко, проверете го стомакот или задниот дел од вратот. Ова е најдобриот начин за проверка на температурата. Не грижете се ако рацете и нозете на вашето дете се ладни, бидејќи тоа е сосема нормално.

Ако мислите дека на бебето му е премногу жешко, тоа брзо ќе се покаже. Во текот на летото, многу бебиња добиваат топлински осип – тоа се мали црвени точки, груби на допир. Најчесто се појавуваат околу колената, лактите, препоните или вратот и на места каде облеката е до телото. Со ова бебето само сака да каже дека му е жешко и дека треба да го ослободите од вишокот алишта. Топлотниот осип не е опасен и брзо ќе помине.

Внимавајте на дехидрација
Една од големите опасности од високите температури е дехидрацијата. Еве како можете да препознаете дехидрација кај бебе:

Бебето е многу жедно
Нема доволно мокри пелени во текот на денот
Многу е уморно и нема енергија
Бледо е и очитему се малку „потонати“.
Нема многу солзи кога плаче
Раздразливо е и не може да се смири
Дише забрзано.

Повеќе