Компанијата Витаминка започна кампања со која во следните три месеци, ќе се издвојуваат средства од продажбата на Цевитана кои ќе бидат наменети за купување шаховски табли за оние училишта каде шахот е дел од наставната програма. Иницијативата за нејзиното создавање и ставање на брендот Цевитана во функција на оваа идеја, произлезе од потребата за поголемо и помасовно вложување во младите и во обезбедување услови за нивен континуиран развој.
„Шахот е веќе влезен во образовната програма како изборен предмет за прво и второ одделение и изминатата година покажа голем интерес меѓу основците, што посебно радува затоа што станува збор за игра што ја поттикнува логиката, креативноста и позитивно влијае во развивање на мисловните вештини кај децата. Тоа е идејата за ваквото конципирање на кампањата, да се поттикне поширока акција за поддршка на иницијативи за создавање здрави навики кај децата и да се развие свеста за потребата од создавање услови во кои младите ќе можат слободно и непречено да се развиваат,“ велат од Витаминка.
Кампањата за набавка на шаховски табли ќе се одвива во текот на месеците август, септември и октомври, а се однесува на која било купена Цевитана од кој било вкус и грамажа достапни во малопродажба. Набавката на шаховски табли и распределбата во основните училишта ќе се одвива во координација со Шаховската федерација на Македонија.
Видеото за кампањата е достапно на линкот.