Тајната шифра може да го спаси детето од киднапирање

Помислата дека на вашето дете му приоѓа непозната личност со лоши намери е најголемиот кошмар на секој родител.

186

Родителите на едно девојче имале брилијантен систем за да бидат сигурни дека таа секогаш ќе знае дали некој е искрен или не, пренесува The Mirror.

Помислата дека на вашето дете му приоѓа странец со лоши намери е најлошата ноќна мора на секој родител. Страшна вистина е дека има луѓе кои ќе ги прелажат ранливите деца за да ги измамат да заминат со нив, а вашите малечки можеби нема да сфатат што навистина се случува.

Едно 11-годишно девојче се шетало во близина на парк во американскиот град Феникс кога ѝ пристапил непознат маж со бел автомобил.

Тој ѝ рекол дека нејзините браќа доживеале тешка несреќа и дека нејзините родители му рекле да дојде и да ја земе. Девојчето употребило брилијантен трик на кој ја научиле нејзините родители за да види дали човекот ја кажува вистината, што веројатно ѝ го спасило животот.

Таа го прашала човекот дали ја знае „тајната шифра“.

„Тајната шифра“ бил однапред договорен збор со кој се согласиле нејзините родители во случај да треба некој друг да ја земе. Човекот не го знаел зборот и си заминал.

„Секоја чест за родителите на ова дете што имаат шифра и што го научиле своите деца за опасноста од непознати луѓе. Се надеваме дека оваа приказна ќе ги поттикне родителите да разговараат со нивните деца и да направат план за децата да знаат што да прават доколку се најдат во слична ситуација“, изјавил Марк Ламб, шериф на округот.

Повеќе