Татко се онесвестил при породувањето: „Ова се случува почесто отколку што мислите“ (ВИДЕО)

Чувството да имате некој близок до вас додека се пораѓате, додека доживувате голем напор и болка и имате можност да ги споделите стравот и возбудата со него е бесценето за повеќето жени.
Меѓутоа, се случува и на идните татковци да им треба помош во тие моменти

87

Многу мажи ширум светот денес присуствуваат на породувањето како придружба на нивните партнерки, но за некои од нив тоа е сепак премногу. Меѓу таквите мажи е и партнерот на тиктокерката Пејтон Стјуарт, кој се онесвестил додека таа се пораѓала.

Идните татковци кои ги придружуваат своите сопруги за време на породувањето и ги држат за раце во овие моменти, се поважни отколку што можете да замислите.

Чувството да имате некој близок до вас додека се пораѓате, додека доживувате голем напор и болка и имате можност да ги споделите стравот и возбудата со него е бесценето за повеќето жени.

Меѓутоа, се случува и на идните татковци да им треба помош во тие моменти, а една таква ситуација најдобро ја илустрирала тиктокерката Пејтон Стјуарт кога објавила видео од своето породување.

Нејзиниот партнер се онесвестил додека таа се пораѓала. Во видеото од 34 секунди што го објавила Стјуарт, нејзиниот партнер се наведнува над болничкиот кревет во кој таа лежи, си поминува со рака низ косата и речиси може да го слушнете неговиот внатрешен монолог додека се охрабрува себеси да остане присебен, пред да се онесвести.

Пејтон напишала на видеото: „Оној пат кога мојот дечко се онесвести откако се породив“, а тоа собрало повеќе од 8,5 милиони прегледи за само еден ден.

Видеото стана вирално, а медицинска сестра го коментира и вели: „Ова се случува почесто отколку што мислите и ова е причината зошто секогаш внимавам на придружбата“.

Татковци на породувањето: да или не?

Дали татковците треба да присуствуваат на породувањето?

Оваа тема често се дискутира на форумите и се споделуваат искуствата и мислењата на родителите. Магистерката по акушерство, Барбара Финдерле, на оваа тема, односно, на прашањето, дали партнерите за раѓање се повеќе пречка отколку помош, вели:

„Лично не сум имала лоши искуства со партнерите и другите блиски луѓе, впрочем тие отсекогаш биле од помош и на мајките и на бабиците.

На сите идни татковци би им препорачала да поминат низ такво искуство, бидејќи породувањето секако е уникатно искуство за секое семејство и често делува поврзувачки врз неговите членови“, вели Барбара Финдерле, но додава дека е важно партнерот или другата блиска личност да бидат соодветно едуцирани за породувањето и да знаат, барем теоретски, што да очекуваат и што се очекува од нив.

Добрата подготовка е клучна

„Понекогаш не е лесно да ја гледате вашата партнерка како поминува низ породувањето, но треба да ја разберете физиологијата на самото породување и да знаете зошто породувањето е важно. Партнерите, од друга страна, мора да бидат свесни за нивните потенцијални ограничувања и ако го чувствуваат тоа и не се чувствуваат добро за време на породувањето, секогаш можат на кратко да ја напуштат родилната сала, да се прошетаат и да се вратат ако е потребно“, вели Барбара Финдерле.

@peytonstewart

That time my boyfriend passed out after I gave birth 😂 #fyp #ohno

♬ Oh No – Kreepa
Повеќе