Тоалетна хартија – за бришење омраза

Најгрдите, најбезобразните и најтоксичните коментари од профилите на неколку македонски инфлуенсери, сега се испечатени на тоалетна хартија. Ова е дел од заедничката кампања на УНИЦЕФ и Телеком против говорот на омраза и врсничко насилство

83

Каде е правото место на хејтот? Во корпата за отпадоци!

Токму тоа го прави група инфлуенсери со една провокативна иницијатива против говорот на омраза

Најгрдите, најбезобразните и најтоксичните коментари од нивните профили, сега се испечатени на тоалетна хартија. Одлично место за тоа, нели!?

Веќе неколку денови, тие активно споделуваат видеа на социјалните мрежи и буквално ја праќаат омразата таму каде што ѝ е местото – во корпата за отпадоци.

Пораката е едноставна, но ефективна: Вистинското место на омразата е тука!

Со ова тие го креваат гласот против онлајн вознемирувањето.

Македонски Телеком како компанија која се залага за  свет полн со дигитален оптимизам ја отвора и поддржува темата – интернет без омраза.

https://www.instagram.com/p/DF-n3H8M9oJ

https://www.instagram.com/p/DF5fU14N69b

https://www.instagram.com/p/DF7b3psMI0g

Придружете ни се!

Раширете ја пораката: Колку повеќе луѓе дознаат, толку посилна ќе биде заедничката борба против говорот на омраза.

Заземете став: Кога ќе наидете на говор на омраза на интернет не премолчувајте! Покажете поддршка: Следете ги приказните на нашите инфлуенсери и поддржете ја нивната порака.

Да направиме место за вистински да се поврземе.

#НаправиМесто

Повеќе