Уште две мали палчиња пораснале и заминале дома: Родени предвреме и тешки помалку од килограм, Марија и Василиј ја напуштија ГАК

Близначиња родени со 900 и 940 грама, после два ипол месеци поминати на Клиниката за гинекологија и акушерство, си заминале дома како здрави бебиња

297

„Продолжуваат среќните приказни од нашето одделение за интензивна нега и терапија на новородени деца. Пред неколку дена предвремено родените бебиња – близначињата Марија и Василиј си заминаа дома како здрави бебиња“, информираат од ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје.

Близначињата се родени во 27-та гестациска недела, Василиј со родилна тежина од 900, а Марија со 940 грама.

„По 72 дена престој на ОИНТ, каде секојдневно ја добиваа медицинската нега и безграничната љубов од педијатрите, медицинските сестри и од целиот персонал, Василиј го испративме дома со 2000 грама, а Марија со 2250 грама. На малите борци близначиња им посакуваме многу здравје, безгрижно детство и да им носат само радости на своите родители“, велат од ГАК.

Повеќе