Шамар за добредојде! Од радост ѝ удрил шлаканица на ќерката која си дошла дома после 3 години (ВИДЕО)

Татко од Виетнам ѝ удрил шлаканица на ќерка си која дошла дома по три години студирање во странство за да ја прослави виетнамската Нова година со своето семејство. Видеото предизвикало дебата, а според некои, тоа е сосема нормално во азиските семејства

670

Виетнамка, која се вратила дома по три години студирање во странство за да ја прослави виетнамската Нова година со своето семејство, стана вирална.

Имено, откако со маска на лицето влегла во домот на нејзините родители, мајката и татко ѝ на почетокот не ја препознале. Таткото ѝ ја тргнал маската од лицето, а кога сфатил дека тоа е неговата ќерка, од изненадување и возбуда ѝ удрил шлаканица. Мајката потоа истрчала кон својата ќерка и почнала да ја гушка и бакнува. Ситуацијата ја снимила надзорната камера, а по објавувањето на Инстаграм започнала дискусија за постапките на таткото на девојката.

Видеото има 10,3 милиони прегледи, а реакциите за постапката на таткото се поделени. За родителите од Запад овој потег е збунувачки и го осудуваат.

„Зошто шлаканица“, „После таков шамар ќе се завртев и ќе заминев“, напишале некои.

Други тврдат дека шлаканицата е сосема нормална и прифатлива во виетнамската култура.

„Тоа го разбирате само ако сте од Азија. Тоа е шлаканица на љубовта“, „И татко ми го прави тоа“, „Тоа е сосема нормално во азиските домаќинства“, велат тие.

Сепак, некои коментатори сметаат дека ваквото однесување, особено кон децата, не треба да се смета за израз на љубов.

„Ако е дел од културата, тогаш таа култура е дива“, „Според мене, ова е насилно, навредливо и мизогино“, сметаат тие.

Повеќе