Топлите бранови за време на бременоста се сосема нормална појава, а некои трудници веруваат дека тоа се дури и рани симптоми на бременост.
Во одредени фази од бременоста, дури 80 отсто од идните мајки доживуваат некаков вид на топли бранови.
А за некои, топлите бранови се верни придружници од првите недели, кога не ни знаат дека се бремени.
Токму затоа жените ги опишуваат и како рани симптоми на бременост.
Но, експертите предупредуваат дека тие не треба да се гледаат на тој начин или да се карактеризираат како симптом на бременост, бидејќи тоа доведува многу жени во заблуда.
Какво е тоа чувство?
Жените ги опишуваат топлите бранови како ненадеен почеток на топлина што се шири во горниот дел од телото и обично трае помеѓу 30 секунди и пет минути.
Никој не е сигурен од каде всушност доаѓаат топлите бранови, но зачинетата храна, топлите напитоци, нискиот шеќер во крвта и стресот се некои од причините.
Некои студии покажуваат дека причината може да биде протокот на естроген во телото, односно „нападот на хормони“ на телото, што е нормално во оваа состојба.
Зголемена температура
Експертите исто така откриле дека базалната температура на жената се зголемува кога таа овулира.
Благодарение на овој хормонален вител што се случува во телото, температурата кај трудниците може да остане покачена до околу петтиот месец од бременоста.
Исто така, протокот на крв се забрзува за време на бременоста, што го забрзува метаболизмот, а сето тоа придонесува и за засилување на топлината.
И покрај тоа што се чувствувате чудно и имате невообичаени топли бранови, тие не може да влијаат на вашето бебе кое е безбедно и заштитено.
Ако се прашувате кога ќе исчезне – нема волшебен одговор!
Кај некои жени целосно исчезнуваат во 12-тата недела од бременоста, кај некои никогаш не се појавуваат, а некои ги следат до породувањето.