Ви најдоа камења во жолчката како последица од бременоста?

Бременоста често е проследена со згуснување на жолчта и формирање на камења, што е последица на зголеменото ниво на хормоните естроген и прогестерон.

29

Присуството на жолчни камења е една од најчестите причини поради кои бремените жени одат во болница, а често и во текот на првата година по породувањето.

Имено, бременоста често е проследена со згуснување на жолчта и формирање на камења, што е последица на зголеменото ниво на хормоните естроген и прогестерон.

Овие хормони ја зголемуваат содржината на холестерол во жолчката и неговото складирање во жолчното кесе. Кај околу 4,2 проценти од бремените жени, во жолчното кесе се формираат песок и камења.
„За време на втората бременост имав ужасни напади на жолчни камења кои не ми поминуваа без инјекции и дојде до тој степен што кон крајот на бременоста бев на многу строга диета.

По породувањето, кога бебето немаше ни два месеци, бев на лапароскопска операција!

И ми олесна….“, вели една млада мајка.
За време на бременоста лесно може да се формираат жолчни камења. Жолчните камења се најчеста причина за панкреатитис во бременоста.
Главната функција на жолчното кесе, многу важен орган во човечкото тело, е да ја чува жолчта, односно сокот за варење што го произведува црниот дроб и кој ја разградува мрсната храна.

Кога ќе се наруши рамнотежата во овој процес, се јавуваат компликации, од кои најчести се камењата во жолчката, кои всушност се кристализиран вишок на холестерол.

Колку е важен овој орган и како доаѓа до патолошки процеси?

Зачестеност на појавата

Голем процент од жените (околу 31%) за време на бременоста развиваат песок во жолчното кесе, а некои од нив дури развиваат и нови камења.

Критичен период за формирање на камења е вториот и третиот триместар од бременоста и периодот по породувањето. Операцијата на жолчни камења е, после операцијата на слепото црево, најчеста операција за време на бременоста.

Точната причина за тенденцијата на бремените жени да формираат камења во жолчката не е позната. Се претпоставува дека има влијание отежнатото истекување на жолчта од жолчното кесе, застој на жолчта и поголемата способност на згуснување на жолчта.

Како и надвор од бременоста, може да влијае и ненадејно зголемување на телесната тежина или гладувањето.

Тегоби
Тегобите се слични како и оние надвор од бременоста. Се јавува болка под десниот ребрен лак, која може да се прошири на грбот и десната лопатка, како и болка во чашката.

Болката може да биде придружена со повраќање, што не носи олеснување.

Нападот на жолчни камења е предизвикан од движењето на жолчните камења и обично е предизвикан од мрсна храна.
Ако е присутна инфекција, може да се појави треска и покачена телесна температура.

За време на бременоста, леукоцитите во крвта се нормално малку покачени, а со инфекција, тие се зголемуваат уште повеќе.

Болката може да престане спонтано или со употреба на одобрени аналгетици. Камењата формирани за време на бременоста не мора да предизвикуваат никакви проблеми. Тоа се таканаречените мирни камења.
Ако камен се заглави во жолчниот канал, може да се појави жолтица. Понекогаш, компликација е воспаление на панкреасот со силна болка во чашката, која се шири во вид на појас со повраќање и покачена температура.

Лекување:
Превенцијата на нападите на жолчни камења се состои во избегнување на обилни оброци, мрсна храна и големи количини на кафе.

При тешки напади, придружени со повраќање и треска, се врши надоиполнување на течности и се користат антибиотици. Ако се појави жолтица, се врши ендоскопска ретроградна холангиопанкреатографија.
Хируршкото отстранување на жолчното кесе за време на бременоста се врши само ако симптомите се долготрајни или често се повторуваат, трудницата слабее и не може да толерира храна.

Најдобро време за операција е вториот триместар. Се изведува само кај 0,1% од трудниците со компликации.

Повеќе