Во првата година од животот на детето, еден пар се кара дури 2.500 пати

Новото истражување во кое учествувале 2.000 луѓе открива дека младите родители во првата година од животот на своето дете имаат и до 7 кавги дневно.

111

Раѓањето и одгледувањето дете понекогаш е тешко. Тоа влијае и на романтичната врска помеѓу вас и вашиот партнер. Истражувањето спроведено од ChannelMum и The baby Show покажало дека младите родители имаат дури 2.500 кавги во текот на првата година од животот на нивното дете.

Истражувањето на 2.000 родители покажало дека најчести расправии се околу тоа кој е поуморен, кој ќе биде „дежурен“ следната ноќ, а 16% од паровите се судираат и поради недостаток на сексуални односи. Во меѓувреме, 17% веруваат дека генерално, во првата година од животот на детето чувствуваат недостаток на љубов од партнерот, а 12% наведуваат дека до расправија доаѓа откако еден од партнерите ќе се обиде да иницира секс.

Остатокот од кавгите доаѓаат од обидот да се балансираат домашните задолженија и грижата за децата кои вклучуваат хранење и менување пелени и облека. Исто така за тоа колку често и кога детето треба да јаде и пие течности и дали треба да се остави и колку долго треба да се остави да плаче само.

За една петтина од паровите, гореспоменатите несогласувања доведуваат до развод во првата година од животот на детето, пренесува Parents.

Зои Бонсер, водителка на The Baby Show, во изјава за истражувањето рекла: „Срцепарателно е да се види колку парови раскинуваат во првите 12 месеци од родителството, што треба да биде еден од највозбудливите периоди во нивниот живот. Иако е тоа прекрасен период, нема сомнеж за тоа, тоа е и стресен период кој носи промени во режимот на спиење, рутините и обврските и навикнување на трето лице во куќата на кое му треба вашата постојана грижа и внимание“.

Други резултати велат дека 6 од 10 родители не се подготвени за влијанието и промените што ги донело бебето во нивните животи, додека третина од паровите можат да поминат пет дена по ред без да разговараат со својот сопружник. Повеќе од една петтина од родителите изјавиле дека им било тешко да се навикнат на помалку пари отколку што имале пред доаѓањето на нивното дете.

Шокантно е и тоа што над 25% од испитаниците пријавиле недостаток на блискост со партнерот по раѓањето на детето.

Добрата вест е што 23% од испитаниците рекле дека побарале помош од пријателите и семејството и дека одредени тактики, како што се наизменично ноќно хранење, однапред планирање и одредување време за секс, дружење со пријателите и редовно излегување, помогнале во зајакнувањето на односите.

Затоа, ако и вие и вашиот партнер „се мачите“ да се договорите за обврските поврзани со новороденото бебе – не плашете се, бидејќи не сте сами!

„Дури и оние парови кои нормално комуницираат добро и имаат одлични односи можат да потврдат дека првите неколку месеци по раѓањето на детето се многу стресни, а расправиите се навистина нормален дел од процесот на приспособување“, вели Сиобан Фригард, основач на веб-страницата за родителство ChannelMum.

„Планирањето на времето што партнерите ќе го поминуваат едни со други може да биде исто толку важно како да научите како да се грижите за дете бидејќи среќните родители природно ќе резултираат со среќно дете“.

Повеќе