Замислете наместо аларм, да ве буди некој кој ќе го плаќате за тоа!

Порталот History Defined пишува за некои од најчудните професии кои повеќе не постојат

138


Имало време кога одредени професии биле многу барани, но како што нашето општество еволуирало и напредувало, некои од нив станале сосема непотребни.

Згора на тоа, од аспект на технологијата која постојано се менува, многу работни места што постојат денес се многу различни – или воопшто не постојат – од оние пред 10, 20 или 30 години.

За нив и за тоа што се случило со сите тие стари професии пишува порталот History Defined.

На оваа листа се некои од најчудните, но тогаш неопходни работни места кои исчезнале.

Човечки будилник
Во деновите пред будилникот, луѓето најмуваа други да ги разбудат наутро. Можеби не изгледа комплицирано, но тоа било доста суштинска работа во 1800-тите.

„Човечките будилници“ или „Knocker Uppers“ често користеле долги цевчиња низ кои дувале зрна сув грашок во прозорците на нивните работодавци и на тој начин, со тропкање на зрнцата во стаклата, ги буделе.

Една од тие човечки будилници била и Мери Смит, жената на насловната фотографија.
Можеби изгледа како непотребна работа, но размислете, зарем тогаш луѓето не требало да се будат во одреден период за да стигнат некаде?

Секако, дека требало, на крајот на краиштата, можеле да пропуштат и некој важен состанок ако немало кој да ги разбуди.

Можете ли да замислите дека секое утро треба да платите некого за да ве буди?

Пинсетер

Ако некогаш сте се занимавале со куглање, свесни сте дека сега машините ги ресетираат чуновите, но, пред овие автоматски поставувачи имало цела професија посветена на рачно поставување на чуновите назад.

„Вработените“ на овие работни места честопати биле деца.
Ова било мачна работа. Воведувањето на автоматските пинови во 1956 година од страна на компанијата Brunswick било револуционерно за индустријата – и оставило многу физички работници без работа.

Покрај тоа, работата можела да биде и опасна за децата.

Се разбира, ваквата работа денес ги прекршува законите за детскиот труд, но тогаш било друго време.

Сечачи на мраз

Дали знаевте дека пред современото ладење, луѓето сечеле мраз од езерата и реките за да складираат храна?
Сечењето мраз било вистинска професија во 1800-тите и било опасна работа.
Сечачите на мраз користеле големи пили за сечење на ледените блокови, кои потоа ги транспортирале до домовите и деловните субјекти.
Оваа професија брзо станала застарена со доаѓањето на модерното ладење во 1920-тите.

Тешко е да се поверува дека луѓето порано го правеле ова за живот, но тоа покажува колку нашето општество се променило за толку краток период.

Собирачи на пијавици

Во деновите пред модерната медицина, пијавиците се користеле за пуштање на крв, медицинска пракса со која лекарите ваделе крв од пациентот за лекување на разни болести.
Можеби го гледате ова како чудна и варварска практика, но пијавиците всушност биле многу барани од лекарите.

Толку многу што имало луѓе што собирајќи пијавици заработувале за живот.

Овие „собирачи на пијавици“ често оделе во мочуриштата за да ги најдат пијавиците.

Тие понекога користеле стари коњи, на кои пијавиците сами се закачувале, или собирачот го користел сопственото тело за да ги привлече пијавиците.

Можете ли да замислите дека треба да го правите ова за живот?

Палач на светилки

Должност на палачот и гасначот на светилки била да ги осветлува улиците ноќе, исто како што е со денешните електрични улични светилки. Палачите користеле долг стап со фитил на едниот крај за да го запалат маслото или свеќите во уличните светилки, а наутро се враќале за да ги изгаснат.

Професијата застарела и целосно изумрела до раните 1900-ти.

Фаќач на стаорци
Фаќањето стаорци некогаш било вообичаена професија, особено во Европа и особено за време на Црната чума, бидејќи стаорците биле значаен проблем во градовите.

Со доаѓањето на современи методи за контрола на штетници, како што се глодарицидите, оваа професија исчезнала.

Човечки компјутер
Не, тоа не е научно-фантастичен филм; постоело време кога организациите најмувале луѓе да вршат пресметки со кои сега работат компјутерите.

Овие „човечки компјутери“ често биле жени, бидејќи многумина верувале дека тие се поспособни да ги извршуваат овие повторувачки задачи.

Меѓутоа, оваа професија застарела со пронаоѓањето на електронскиот компјутер во 1970-тите. Можете ли да замислите дека треба рачно да правите сложени пресметки?

Тешко е да се поверува дека ова некогаш била вистинска работа.

Воскреснувачи

Пред модерната медицина, луѓето верувале дека секцирањето на трупови е најдобриот начин за проучување на анатомијата.

Сепак, имало проблем со ова, бидејќи легалните трупови биле многу ретки.

Така, на луѓето на кои им требале трупови за нивните студии, најмувале „воскреснувачи“ да крадат трупови од гробиштата.

Универзитетите морале да ангажираат „воскреснувачи“ за да бидат во чекор со побарувачката за трупови. Грабежот на гробови бил популарен во Британија.

Оваа професија станала застарена со донесувањето на Законот за анатомија во 1832 година, што ја направило нелегална.

Повеќе