Жените открија што ги изненадило најмногу кога станале мајки

Во истражувањето спроведено на 1000 мајки, повеќето мајки биле изненадени од тоа колку работи мораат да носат со себе кога излегуваат од дома и колку време им е потребно за воопшто да излезат од дома, но и од тоа колку често е бебето гладно.

520

Најголемо изненадување за новите мајки по породувањето е колку малку време имаат за себе. Ова го открило истражувањето спроведено на 1.000 мајки кои се породиле во последните 10 години.

Некои биле изненадени од тоа колку работи мораат да носат со себе кога излегуваат од дома и колку време им е потребно за воопшто да излезат од дома, но и од тоа колку често е бебето гладно. Но, не се сите изненадувања лоши – мајките се воодушевени од придобивките од доењето и блискоста што ја чувствуваат со своето бебе додека го хранат.

Многу мајки се изненадени од тоа колку долго трае нивното закрепнување
Истражувањето покажало дека 79 отсто од мајките биле изненадени од некои работи со кои не се сретнале до постнаталниот период. Половина од нив ги обвинуваат луѓето кои не зборуваат искрено за тоа, додека 43 проценти велат дека тоа се работи што не се случуваат во филмовите или во сериите.

48 отсто од жените признале дека било потешко отколку што очекувале. Четири од десет жени велат дека отворен разговор би им го олеснил овој период, додека секоја трета смета дека би им било полесно доколку во близина имала пријатели или членови на семејството.

Дури 65 отсто од мајките биле изненадени од тоа колку време им било потребно психички и физички да закрепнат од бременоста и породувањето. Но, 67 отсто од испитаничките признале дека самите на себе во тоа време си биле на второ место, а бебето било на прво место.

Ова се 10-те најголеми изненадувања што ги спомнале новите мајки:
колку малку време имаат за себе
колку работи носат со себе кога излегуваат
колку може да биде осамено мајчинството
брзината со која заборавате на животот пред детето
колку време е потребно за да излезете од дома
колку долго можете да издржите без сон
како се менуваат приоритетите
колку луѓе имаат мислење за тоа како треба да се грижите за вашето бебе
фактот дека вашето тело создало дете
колку може да биде тешко доењето.

Повеќе