Во денешно време, необичните имиња за бебиња се вистински тренд.
Но, понекогаш работите излегуваат од контрола.
Сигурно сте запознале барем едно дете чие име не сте можеле ни да го изговорите, а камоли да го запамтите.
Зошто невообичаените имиња, оние со кои сакате да постигнете вашето дете да биде единствено, понекогаш не се најдобриот избор?
Ако детето е премногу различно, тоа може да му создаде проблеми подоцна во животот, особено во денешно време кога една ситница е доволна за детето да биде исмејувано на училиште.
Освен тоа, истражувањата кои биле фокусирани на давање необични имиња на децата и биле спроведени во дел од светот, дошле до единствен заклучок: децата со необични и ретки имиња почесто ќе бидат сметани за опасни и ризични.
Едноставните изјави се поубедливи од устата на личност со едноставно и „обично“ име, во споредба со оние со модерни имиња.
Водачот на истражувањето, Ерин Њуман од Универзитетот Викторија во Велингтон во Нов Зеланд, објаснува зошто невообичаените имиња можат да предизвикаат предрасуди.
„Веќе е докажано во други истражувања дека луѓето мислат дека додатоците во исхраната со лесни имиња се побезбедни за консумирање од оние со тешки и необични имиња.
Затоа, не мислам дека тоа е стереотип за странски имиња.
Наместо тоа, ние мислиме дека едноставните имиња даваат чувство на сигурност и ги прават луѓето многу поедноставни“.
Ова е само едно од низата студии кои докажаа како едно име буквално може да отвори или затвори некои врати во текот на животот.
Треба да се земе предвид и фактот дека детето во текот на животот ќе добие многу прекари, а сите се поврзани со името. Кои прекари прво ви паѓаат на ум? Дали детето ќе се срами од нив?