Дали знаете што да направите ако детето почне да се гуши од парче храна?

Секој родител кој доживеал дете да се задави и да започне да се гуши од парче храна, знае за каков кошмар станува збор. Неопходна е брза реакција затоа што мозокот на детето може да издржи без кислород само неколку минути

0
455

Ако детето почне да се гуши од парче храна, треба да го легнете на стомак врз своите колена, такашто главата и горниот дел од телото да висат надолу. Удрете го детето по горниот дел на грбот неколку пати (не премногу силно) со дланка. Ако овој метод не успее, лекарите советуваат Хајмлихов зафат.

Сепак, неговата употреба се разликува кај бебињата до една година и кај постарите деца.

Бебето треба да се сврти на градите, со лицето надолу и да се направи притисок помеѓу лопатките.

Кај деца постари од една година, зафатот се изведува на ист начин како кај возрасните. Треба да се застане зад грбот на детето, да се опфати со рацете и да се направи ненадеен притисок на горниот дел на стомакот. Ова треба да го исфрли воздухот од белите дробови, а со тоа и туѓото тело.

Освен со парчиња храна, децата можат да бидат изложени на ризик од задушување со ситните предмети околу нив – делови од коцки, копчиња од играчки или мали тркалезни батерии од играчки. Ако не се големи и остри, предметите многу често поминуваат низ дигестивниот тракт без проблеми и детето ги исфрла преку столицата, но тоа не исклучува итна посета на лекар ако се сомневате дека детето проголтало нешто.

Во повеќето случаи, монетите или малите топчиња поминуваат низ дигестивниот тракт, но ако станува збор за батерија, дефинитивно треба да се консултирате со лекар затоа што постои можност при подолг престој во дигестивниот тракт, поради корозија, од батеријата да излезе нејзината содржина.

Фото: Pexels

loading...