Јубилеен едукативен настан: Од семка до дрво

Во сабота, во градинарскиот центар „Фоја“ ќе се одржи едукативен настан за деца на кои ќе се садат семки од медоносни растенија од автохтон даб и гинко, а децата ќе научат како се одвива развивањето на цело дрво од една семка

90

На 7 мај 2022 (сабота), со почеток во 5 до 12 часот, во градинарскиот центар „Фоја“ децата ќе можат повеќе да се запознаат со природните процеси на растење и развивање на растенијата, како и нивното значење за човекот и Земјата.

„Ќе садиме семки од медоносни растенија од автохтон даб и гинко и ќе се запознаеме подетално со тоа како се одвива процесот на создавање и развивање на дрвото од една семка, воедно ќе се дружиме, ќе се забавуваме и ќе научиме нешто повеќе за природата“, велат организаторите.
Овој едукативно-рекреативен настан „Да растеме заедно“, се организира 10-та година по ред.

„Оваа година организацијата е во рацете на децата од групата со поинаквости при Арт оф Ливинг. Настанот ќе опфати повеќе активности:
– едукативен дел, каде експертите и тимот од градинарскиот центар, стручно ќе го објаснат процесот на создавање и развивање на дрво од една семка.
– практичен дел, каде децата ќе имаат можност практично да го почувствуваат садењето на дрво даб од семка и да ја видат целата постапка,
– рекреативен дел, забава, игри и дружење“, најавуваат организаторите.
Целта на овој настан е поттикнување на желбата кај децата и кај родителите за што повеќе време во природата, поттикнување на љубов и грижа кон неа. Ова е посебно важно во денешното време на модерни технологии, кога децата поминуваат најголем дел од денот пред комјутери, телевизор, телефони…
„Велат дека дрвјата се белите дробови на природата, ве повикуваме сите заедно со здружени сили да придонесеме за почиста околина. Влезот е слободен и добредојдени се сите кои избираат зелена иднина“, се вели во поканата за настанот кој има слободен влез за сите заинтересирани.
Инаку, градинарскиот центар „Фоја“ се наоѓа на ул. „Борис Трајковски” (поранешна Првомајска) – веднаш до фабриката Усје во Скопје.

Повеќе