Зошто не можеш да бидеш добар како другите деца? Ова се последиците од засрамувањето на детето кои никому не ги посакувате

Засрамувањето може кај децата да разбуди чувство на голема несигурност или сомнеж во сопствените способности.

195

Mногу родители, често несвесно, се случува да ги повредат и посрамотат своите деца со одредени фрази што ги кажуваат или реагирајќи на нивното однесување, што може да има многу негативно влијание врз нив, предупредуваат психолозите.

Изразите како „сите се добри освен тебе“, „зошто си лош“, „зошто не можеш да бидеш како другите деца“ се само дел од оние кои често ненамерно им „излетуваат“ на родителите, без да размислуваат премногу за тоа што ѝ прават на психолошката и физичката состојба на детето. Како што пренесува порталот Mom, ваквото засрамување никогаш не е добра опција бидејќи на детето му ја одземаме слободата и достоинството.

Дополнително, разгледувањето на примери на засрамување и на различните начини на кои тоа може да влијае на децата може да биде клучен чекор во осигурувањето дека родителите ќе го спречат ова однесување во иднина и ќе се одлучат за посоодветен јазик, како и техники за корекција на однесувањето.

Но, како засрамувањето влијае психолошки врз децата? Психолозите нагласуваат дека има неколку негативни последици. Имено, срамот може да доведе до проблеми со самодовербата, детето ќе биде посклоно кон засрамување на другите околу себе, а истражувањата покажале и дека засрамувањето има негативно влијание врз односот родител-дете.

Засрамувањето ги прави децата да се чувствуваат несигурни и како никогаш да не можат да го направат она што се бара или очекува од нив. Според Health Harvard, засрамувањето може кај децата да разбуди чувство на голема несигурност или сомнеж во сопствените способности. Наместо да ги мотивира, ќе резултира со чувство како да не се способни за ништо.

Повеќе