10 работи поради кои им било полесно на нашите родители

Беки Скваер, мајка на четири деца и писателка пишува за тоа колку детството било побогато и поздраво тогаш отколку денес.

196

Во денешно време, родителството е сосема поинакво од она што беше пред 30 години. Постигнат е напредок во филозофијата на родителството, вклучувајќи ги здравјето и безбедноста.

Беки Скваер, мајка на четири деца и писателка пишува за тоа колку детството било побогато и поздраво тогаш отколку денес.

Се ставале едни со други на прво место.
Кога нашите родители беа млади, не беше невообичаено бракот да биде најважната врска во семејството. Но, во последните 30 години родителите почнаа да ги третираат своите деца како центар на светот.

Може да биде тешко да го направите вашиот сопружник приоритет, но тоа е клучно за здраво и среќно семејство.
„Кога моите деца ќе ме прекинат додека разговарам со мојот сопруг, им велам дека ќе мора да почекаат (освен ако не е многу итно). Децата треба да научат дека не се врти сè околу нив.

Им велеа на децата да си играат надвор
„Повеќето од моите спомени од детството се игра на отворено, во природа, користејќи ја мојата имагинација. Јас и моите пријатели излегувавме надвор веднаш штом ќе се вратевме од училиште. Доаѓавме на вечера, а потоа излегувавме додека не се стемни. Уживав гледајќи телевизија, но секогаш сакавме да бидеме надвор“.

Важно е да знаете дека на децата не им треба спортско игралиште или базен за да се забавуваат надвор. Сè што им треба е нивната имагинација.

Тие им веруваа на своите деца
„Сигурна сум дека повеќето од нас се сеќаваат дека поголемиот дел од слободното време го поминувавме во возење велосипед со пријателите дури и со километри подалеку од дома, останувајќи надвор додека не се стемни, сето тоа без нашите родители да знаат каде сме. Ова може да се нарече „родителство со слободен опсег“ или дури да се смета за опасно. Но, да им верувате на вашите деца е многу важно за да можат и тие да научат и да практикуваат одговорност“.

Не форсираа одредени знаења
Пред 1980 година, главниот фокус во раните години на детето беа креативноста и социјалните вештини. Децата не знаеја да читаат кога тргнуваа во градинка, а многумина не ја знаеја ни азбуката. Родителите ги учеа децата да ги почитуваат другите, да споделуваат и да се дружат. Нашите деца се принудени да се натпреваруваат на рана возраст што ја зголемува, ако не и предизвикува, анксиозноста и стресот.

Ги учеа на пристојност
Кога зборувам за учење социјални вештини, секогаш сум шокирана од недостатокот на манири што го гледам кај многу деца и тинејџери денес. Јас и мојот сопруг поминавме една недела готвејќи за 300 тинејџери пред неколку години. Го поминавме целиот ден готвејќи, миејќи садови и сервиравме храна на нивните празни чинии. Бевме шокирани поради бројот на пофалби: само двајца од 300. Тоа е едноставен пример.

Вечераа како семејство
Родителите денес имаат тенденција да ја жртвуваат семејната вечера заради воннаставни активности и тоа е штетно. Децата кои учествуваат во редовни семејни оброци имаат помалку анксиозност и депресија. Имаат повисоки академски достигнувања и подобро психолошко здравје.

Не мерете ги оброците по активностите, туку распоредот на активности според оброците.

Им даваа задачи на децата
Кога растев, секоја сабота беше резервирана за завршување на работа. Не можевме да играме со пријателите или да правиме други активности додека не ги исчистиме спалните соби и не направивме неколку други задачи. Ја исчистив бањата, исчистив со правосмукалка, прашина и многу повеќе. Денес од децата се бара да ги преземат само најбаналните обврски. Можеби ќе се изненадите колку се способни вашите деца, само треба да им се даде можност.

Си ги дисциплинираа децатаа едни на други
Што би направиле ако пријателот на вашето дете не сака да ве слуша или дури и го удри вашето дете? Дали би го прашале дали ќе престане? Дали воопшто би се осмелиле да му го кажете тоа на неговиот родител? Нашите родители имаа неискажано правило дека ако детето е непослушно, безобразно, па дури и напорно, ќе го дисциплинираат на ист начин како и нивните деца.

Имаа роденденски забави дома
„Роденденските забави што ги правеа нашите родители вклучуваа торта и сладолед. На секој гостин не му даваа корпа полна со подароци. Не изнајмуваа игротека, ниту плаќаа за професионален фотограф или угостител. И покрај тоа, се забавувавме“.

Тие ги одржуваа работите едноставни
Најдобриот дел од „старите добри“ денови беше колку сето тоа беше едноставно порано. Како деца, не брзавме од фудбалски тренинзи на часови по пијано или танц. Нашите родители не носеа секое лето во Дизниленд и не ни купуваа таблети. Ни беше досадно, користевме нашата имагинација. И успеавме. Нашите деца ќе завршат добро – дури и подобро од нас. Не треба сѐ да им се дава на сребрен послужавник. Тие не треба да бидат најдобри во сè, па дури и во една работа. Во ред е ако паднат и се повредат или им се скрши срцето. Така ќе учат и ќе растат.

Повеќе