3 работи кои секоја жена треба да ги знае за ризикот од мозочен удар

Најчестите фактори на ризик за мозочен удар се високиот крвен притисок и дијабетесот, но нивото на сериозноста на мозочниот удар се разликува помеѓу жените и мажите

339

Најчести фактори на ризик за мозочен удар се високиот крвен притисок и дијабетесот
Д-р Трејси Медсен, која ја проучувала темата „Жените и мозочниот удар“, се занимавала со тоа колку добро жените се информирани за ризикот од мозочен удар и што да очекуваат за време на болничкото лекување, откако се запишала на специјализација од ургентна медицина во Brown’s Warren Alpert Medical School во 2008 година. Првично се фокусирала на нееднаквоста во третманот на жените во одделенијата за итни случаи.

Ризикот од мозочен удар се зголемува за време на бременост, менопауза и потоа
„Отсекогаш сум била многу заинтересирана да откријам дали жените кои доаѓаат во итната помош со симптоми на мозочен удар ја добиваат негата што треба да ја добијат“, вели д-р Трејси Медсен, професорка по итна медицина и епидемиологија на Универзитетот Браун и лекар во Miriam Hospital и Rhode Island Hospital.

Д-р Мадсен има учествувано во повеќе од 35 истражувачки проекти за жени и мозочен удар, фокусирајќи се не само на клиничката нега и третман, туку и на факторите на ризик. Ризикот од мозочен удар кај жените, вели таа, се менува со возраста.

„Ризикот од мозочен удар е поголем за време на бременоста и повторно се зголемува за време и по менопаузата. Кај постарите жени има најголема веројатност да доживеат тежок и исцрпувачки мозочен удар“, нагласува д-р Мадсен.

Најчестите фактори на ризик од мозочен удар се уште поризични за жените
Мозочниот удар е трета водечка причина за смрт кај жените. Сепак, 4 од 5 мозочни удари, според д-р Мадсен, може да се спречат. Затоа, важно е истражувачите и лекарите да ги идентификуваат сите фактори на ризик и да ги едуцираат жените за тоа како можат да се заштитат.

Најчести фактори на ризик за мозочен удар се високиот крвен притисок и дијабетесот. Но, нивоата на ризик и сериозноста се разликуваат по пол. Во студија од 2019 година на повеќе од 26.000 учесници, д-р Мадсен и други истражувачи откриле дека ризикот од мозочен удар на секое ниво на хипертензија е поголем кај жените.

Во споредба со мажите со висок крвен притисок, жените со хипертензија имале уште поголема веројатност да доживеат голем мозочен удар.

Жените имаат поголем ризик од исхемичен мозочен удар од мажите
Друга студија, предводена од д-р Мадсен, покажала дека жените со висока гликоза во крвта на гладно, што е маркер за дијабетес, имаат поголем ризик од исхемичен мозочен удар, кој е најчестиот тип, од мажите. Резултатите од таквите студии, посочува таа, би можеле да дадат информации за упатствата специфични за полот за нега и третман на хипертензија и дијабетес за да се намали ризикот од мозочен удар кај пациентите.

„Клучно е да се знае колку традиционалните фактори на ризик, како што е високиот крвен притисок, се разликуваат помеѓу жените и мажите. Не само што овие докази ја зајакнуваат потребата за скрининг и третман на факторите на ризик во текот на целиот животен век, од раната зрела возраст до постменопаузата, туку исто така има потенцијал да дава информации за идните промени во упатствата за лекување“, нагласува д-р Мадсен.

Повеќе