4 начини на кои калинката им помага на жените во менопауза

Кога станува збор за женското здравје, калинката е овошје број еден и ниту една жена не смее да заборави на нејзината консумација

231

Кога зборуваме за антиоксиданти – калинката е храна која ќе го доведе вашето тело во рамнотежа. Таа е одличен извор на влакна и фолати, витамини А, Б, Ц и К, калциум, калиум и железо. Ако јадете 100 грама калинка, ќе задоволите 16 отсто од вашата дневна потреба за витамин Ц.

Покрај тоа, калинката е одговорна за овие 7 придобивки:

  1. Има силни антиинфламаторни својства
  2. Се верува дека е добра превенција од рак на простата и рак на дојка
  3. Го намалува ризикот од срцеви заболувања и дијабетес тип 2
  4. Помага при хипертензија
  5. Ја подобрува крвната слика и ја враќа енергијата
  6. Спречува бактериски и габични заболувања
  7. Заштитува од Алцхајмерова болест и губење на меморијата

Меѓутоа, жените особено треба да обрнат внимание на конзумирањето на калинката бидејќи се смета дека таа ги отстранува тегобите од предменопаузата или постменопаузата, како што се промени во расположението, топли бранови, намалена густина на коските и слично.

Еве како калинката може да ви помогне при проблеми со менопаузата:

  1. Го подига расположението и ги ублажува депресивните состојби

Јапонското истражување спроведено во 2004 година покажува дека екстрактот од калинка може да им помогне на жените со промените во расположението, како и со депресијата, такашто ги снижува индикаторите за депресија. Консумирајте калинка особено ако сте склони кон негативни мисли и лошо расположение предизвикани од хормонални флуктуации и промени.

  1. Го намалува ризикот од рак на дојка

Лабораториските студии покажале дека растителните пигменти антоцијанидини и флавоноиди и маслените компоненти присутни во калинката можат да го намалат ризикот од рак на дојка.

Калинката природно го зголемува естрогенот во телото ако неговото ниво е ниско или го блокира создавањето на естроген ако веќе има премногу во телото.

  1. Заштитува од остеопороза и ги ублажува топлите бранови

За време на менопаузата, густината на коските кај жените природно се намалува и се јавува остеопороза. Студија од 2004 година покажала дека намалената густина на коските може да се врати во нормала со помош на екстракт добиен од сокот и семките од калинка.

Калинката содржи и фитоестроген 17-алфа-естрадиол, кој во комбинација со други материи од калинката делува против непријатните топли бранови и потењето.

Австриско истражување покажало дека жените кои земале масло од семки од калинка секој ден во текот на три месеци имале помалку и поподносливи топли бранови.

  1. Го зајакнува срцето и го намалува ризикот од коронарна болест

Дали знаевте дека жените по почетокот на менопаузата се соочуваат со поголем ризик од коронарни и срцеви заболувања? Тука на помош доаѓа калинката.

Со конзумирање на само една чаша сок од калинка дневно, можете многу да го заштитите здравјето на вашето срце.

Калинката помага за намалување на крвниот притисок и ја намалува оксидацијата на ЛДЛ холестеролот и таложењето на штетните наслаги во каротидната артерија за 29 проценти.

Добрата вест е дека сокот од калинка ја разредува крвта и на тој начин го намалува ризикот од опасни згрутчувања на крвта.

Исто така, една студија од 2007 година покажала дека консумирањето сок од калинка во текот на 3 месеци може да го зголеми внесот на кислород во срцето.

Повеќе