5 суптилни знаци дека можеби имате аутизам

Се верува дека околу 1 од 36 деца во САД имаат аутизам. Но, некои возрасни лица не добиваат дијагноза ниту до 30-тата. Еден терапевт споделил 5 вообичаени симптоми на аутизам, од чувство дека не сте сфатени до аверзија кон текстури.

6.811



Околу 1 од 36 деца во САД се наоѓаат во спектарот на аутизам, според проценките на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) – но не секој добива дијагноза во детството.

Некои луѓе, особено жените и родово неусогласенита луѓе, со години им се поставуваат погрешни дијагнози.

Многумина не дознаваат дека се аутисти до нивните 30-ти или подоцна.
За формално да ви биде дијагностициран аутизам, мора да исполнувате одредени дијагностички критериуми наведени во Дијагностичкиот и статистичкиот прирачник на Американската психијатриска асоцијација (American Psychiatric Association’s Diagnostic and Statistical Manual – DSM-5).
Но, д-р Карла М. Шуман, клинички психолог кој работи со многу аутисти и невродивергентни луѓе, изјавила за Инсајдер дека аутизмот е „многу покомплексен“ отколку како што е дефиниран во DSM-5.

„Не се тоа само луѓето кои не воспоставуваат контакт со очите и имаат проблеми со дружењето“, вели таа.

Шуман наведува некои од главните симптоми на аутизмот, вклучувајќи ги и оние кои не се конкретно споменати во DSM-5, но можат да бидат вообичаени кај аутистичните луѓе.

Често се чувствувате несфатени и не знаете што сте згрешиле

Вообичаено искуство меѓу аутистичните лица е чувството како ненамерно да навредуваат луѓе или прават социјална грешка, вели Шуман.

„Тие сметаат дека се погрешно разбрани од другите луѓе“, додава таа.

На пример, аутистично лице може да не сфати дека стои премногу блиску до некого или дека само тој зборува. Или, тие може да чувствуваат страст кон одредена тема и да не сфаќаат дека другите сакаат да зборуваат за нешто друго.

Се борите со иницирање и одржување лежерни разговори

Шуман вели дека нивото на социјалните тешкотии варира од личност до личност, бидејќи аутизмот е спектар. Но, некои луѓе со аутизам можеби тешко можат да се обратат за да направат планови или да започнат разговор.

Овој симптом особено може да се појави во социјални ситуации каде што „тие се принудени да зборуваат, да прават муабети на работни забави или среќни часови“, вели Шуман.

Се чувствувате вознемирено ако вашата рутина или планови се нарушени

Шуман вели дека бидејќи нефлексибилноста е дел од аутизмот, нарушувањата во рутините може да го направат аутистичното лице „емоционално нестабилно поради нешто на што повеќето луѓе би се прилагодиле“.

Аутистите може да се борат со емоционална дисрегулација, каде што може да доживеат падовие или екстремна иритација кога ќе се случи непредвидливото.

Имате сензорни проблеми како чувствителност на бучава или аверзија кон одредени текстури

Други фактори кои можат да придонесат за емоционална дисрегулација се сензорни прашања. Додека сензорните проблеми не се официјално признати во DSM-5 како симптоми на аутизам, Шуман вели дека речиси сите нејзини клиенти со аутизам се борат со нив.

На пример, таа имала клиенти кои носат слушалки за поништување на шум бидејќи се престимулирани во гласни, преполни средини и клиенти кои доживуваат чувствителност на одредени текстури на облеката.

Се исцрпувате од „маскирање“ или фокусирање на тоа да се вклопите

Маскирањето е дејствување на специфичен начин за прилагодување на социјалните знаци; во основа „играње улога во претставата само за да се помине“, вели Шуман.

Општо земено, аутистичните жени имаат тенденција да се „маскираат“ повеќе од мажите.

Додека луѓето со маска на површината можат повеќе да се вклопат во невротипични луѓе, длабоко во себе, тие често се чувствуваат преоптоварени, вели Шуман.

„Тие многу полесно се истрошуваат, на крајот губат многу енергија бидејќи се обидуваат да прават работи што не им се интуитивни“, вели таа.

Повеќе