Ако не сакате да сте дебели и ќелави…

Слатките пијалаци дебелеат, а освен тоа, тие и енергетските напитоци, според студија објавена во списанието Nutrients во 2023 година, предизвикуваат и губењето на косата кај мажите.

329

Пијалаците што ги консумираат милиони луѓе може да предизвикаат опаѓање на косата, предупреди д-р Абдулазиз Балви за British Express.

Лекарот вели дека консумирањето неколку енергетски пијалаци неделно може да го зголеми ризикот од ќелавост.

„За ова се виновни одредени хемикалии во енергетските пијалаци.

Кога се земаат прекумерно, одредени елементи како што се кофеинот и селенот можат да станат токсични. Селенот и витаминот А се токсични за косата кога се земаат во големи дози, а исто така може да предизвикаат алопеција”, објаснил тој.

Некои енергетски пијалаци може да содржат 113 отсто од препорачаниот внес на витамин А, 100 отсто селен и до 150 милиграми кофеин, што е речиси двојно повеќе од црното кафе.

Зашеќерените пијалаци исто така го зголемуваат ризикот од други состојби

„Прекумерната потрошувачка на енергетски пијалаци е поврзана со зголемување на катехоламините и хормоните на стресот. Затоа, енергетските производи може да се сметаат за фактор на ризик за дијабетес и метаболички проблеми, а може да предизвикаат и губење на косата”, додава тој.

Лекарот посочува дека проблем се и слатките пијалаци кои содржат засладувач од пченка, сируп од пченка, декстроза, фруктоза, гликоза, пченкарен сируп со висока фруктоза, мед, лактоза, сируп од слад, малтоза, меласа, сиров шеќер и сахароза.

„Консумацијата на премногу засладени пијалаци е поврзана и со здравствени проблеми, како што се зголемување на телесната тежина, дебелина, дијабетес тип 2, срцеви заболувања, бубрежна дисфункција, безалкохолна цироза на црниот дроб, расипување на забите, артритис и гихт“, предупредил тој.

Студијата објавена во списанието Nutrients во 2023 година открила врска помеѓу пијалаците засладени со шеќер, вклучително и енергетските пијалаци, и губењето на косата кај мажите.

Утврдено е дека мажите на возраст меѓу 18 и 45 години се изложени на поголем ризик од машка ќелавост доколку редовно консумираат пијалаци засладени со шеќер.

Повеќе