Во што уживаат најмногу бебињата во стомакот? Чувствуваат многу работи, а еве што е тоа што особено им се допаѓа

Прочитајте во што најмногу уживаат бебињата додека се во стомакот на нивните мајки.

895

Блиската врска помеѓу мајката и бебето се формира многу порано отколку што мислите, веќе во утробата.

Така, на пример, фетусот може да почувствува кога мајката плаче, но и многу други работи, а еве во што најмногу уживаат бебињата додека се во стомакот на мајката.

Слатка храна

Бебињата почнуваат да ги разликуваат вкусовите помеѓу 13-та и 15-тата недела од бременоста.

Амнионската течност има вкус во зависност од храната што ја јаде идната мајка, а бебето ја голта таа вода и на тој начин добива различни вкусови.

Поради оваа причина, експертите препорачуваат трудниците да јадат што е можно поразновидно, за бебињата да се навикнат на различни вкусови веќе во нивниот стомак.

На бебињата во стомакот особено им се допаѓа вкусот на слатката храна бидејќи тоа ги подготвува за мајчиното млеко, но тоа секако не значи дека трудниците треба да јадат премногу слатки.

Топла бања
Кога фетусот е доволно голем за да биде блиску до мајчината кожа во стомакот, може да почувствува промени во температурата.

Премногу топла вода нема да му годи на бебето, но топлата купка, од друга страна, ќе ги опушти и мајката и бебето.

Допир на стомакот
Рецепторите за допир на бебето почнуваат да се развиваат веќе околу осмата недела од бременоста, а околу 20-тата недела, фетусот е веќе доволно голем за да почувствува некој допир однадвор.

Поради ова, бебињата уживаат кога идните мајки си го галат стомакот, а, се разбира, тоа можат да го прават и татковците и да почнат да се поврзуваат со своето дете веќе во стомакот.

Вашите гласови
Околу 25-та, 26-та недела, бебињата почнуваат да реагираат на звуците што ги слушаат надвор.

Го слушаат гласот на мајка си појасно од кој било друг звук и на тој начин учат да го препознаваат, што воедно ги смирува и им сигнализира дека е сѐ во ред, пишува brightside.me.

Еден начин да се поврзете со вашето бебе и да го навикнете на вашиот глас е да читате на глас или едноставно да уживате во разговорите со вашиот партнер или со некој друг, бидејќи и бебето ќе ужива во тие звуци.

Музика
Пренаталната музика има многу добри ефекти.

Кај бремената мајка го поттикнува лачењето на серотонин и ослободувањето на ендорфините кои се пренесуваат и на бебето.

Освен тоа, музиката ги стимулира сетилата на бебето и го поттикнува развојот на мозокот.

Секако, не треба да слушате премногу гласна музика бидејќи бебето може да ја слушне и во стомакот.

Редовен тренинг

Кога станува збор за избор на вежби за трудници, клучно е тие да се безбедни за изведување, погодни за трудници и одобрени од лекар.

Секако, бебињата уживаат во тоа лулање, а здравата и задоволна идна мајка го пренесува тоа чувство на фетусот.

Одмор
Периодот на одмор на идната мајка е период на најголема забава за бебето!

Тогаш и е моментот да „игра“ во стомакот, без никакви пречки од страна мама.

Шегата на страна, секоја трудница ќе потврди дека бебето е најактивно кога таа ќе легне да одмори, но за среќа, оваа зголемена активност на бебето не трае предолго, па ќе можете малку да се одморите.

Смеењето на мама
Според она што го откриле експертите преку ултразвук, кога идната мајка се смее, бебето во стомакот се движи горе-долу во нејзиниот ритам на смеење, а причина за тоа се контракциите на мускулите во мајчиниот стомак.

Кога мама се смее, се лачи хормонот на среќата, кој директно влијае на бебето, па затоа се препорачува да имате што повеќе вакви моменти во текот на бременоста (и подоцна).

Повеќе