Не ги игнорирајте овие модринки кај вашето дете: веднаш однесете го на лекар!

Медицинската сестра ги предупредила родителите кои модринки никако не треба да ги игнорираат кај своите деца!

1.889

Сосема е нормално малите деца после проодувањето да имаат модрици на рацете, а најмногу на нозете, бидејќи паѓаат многу пати во текот на денот.

Модринки, гребнатини, мали исеченици се составен дел од нормалното, здраво детство, бидејќи неизбежно е децата да ги „заработат“ додека трчаат, се качуваат, скокаат…

Во повеќето случаи, модринките поминуваат со малку мраз и со бакнежот на мама или тато, но постојат и некои модринки кои бараат поголемо внимание.

Во објавата која стана вирална на интернет профилот на Tiny Hearts Education на Инстаграм, медицинска сестра која стои за овој профил објави видео во кое ги предупредува родителите за потенцијално опасните модринки.

На видеото се гледа задниот дел од главата на девојче со мала, темна модринка зад нејзиното уво.

Во описот на објавата пишува: „ако ја видите оваа модринка зад увото на детето, постои можност тоа да има сериозна фрактура на черепот. Веднаш водете го на лекар“.

Видеото има милиони прегледи, а родителите во коментарите напишале дека „не знаеле“, а некои се потсетиле на постарите повреди на нивните деца.

„Мојот син неодамна ја повреди главата и кога се јавив на 911, првата работа што ми ја кажа медицинската сестра беше да погледнам зад ушите“, напишала една мајка.

Според веб-страницата на Кралската детска болница во Мелбурн, модринка зад увото „обично укажува на фрактура на средната кранијална јама. Како и кај периорбиталните модринки, оваа модринка може да се појави неколку дена по повредата”, пренесува nypost.com.

Ако забележите модринки зад увото на вашето дете, однесете го на лекар, дури и ако поминале неколку дена од повредата. Во повеќето случаи, модринките не се загрижувачки, но секогаш е подобро да се проверат од лекар.

Повеќе