Kако да препознаете изгубено лице со деменција?

Неодамна наидовме на еден пример кој најдобро го илустрира однесувањето на лице со деменција кое се изгубило. Жената го пратила мажот кој боледува од деменција да купи леб од пекарата спроти влезот на нивната зграда. Човекот отишол по леб, а потоа исчезнал. Го нашле по 4 дена, прегладнет и со два леба под мишка. Повеќе за оваа состојба и за секојдневјето со човек кој има некој тип на деменција, можете да прочитате во книгата „Кога мама заборави дека ме сака“, лична приказна на авторката Драгица Русевска Христова, во издание на „Топер“.

375

.

Со оглед на тоа што сѐ почесто наидуваме на објави за лица со деменција кои едноставно исчезнуваат од своите домови и ги нема со часови, а понекогаш и со денови, добро е да се напише како можете да ги препознаете кога ќе ги забележите.

Пред сѐ, кај лицата со деменција постои очигледна дезориентација – збунето се вртат наоколу, гледаат назад додека одат, се плашат дека некој ги следи, се загледуваат во лица или натписи итн.

Повеќето од овие лица ги влечат нозете или се движат со ситни чекори, имаат поднаведнат од, но се обидуваат да ја подигнат главата.

Можат да им поставуваат неповрзани прашања на минувачите. Многу често се несоодветно облечени или не носат чевли.

За состојбата во која се наоѓа лицето:

Мозокот на личноста со когнитивно оштетување не може да го задржи фокусот, да ги обработи сите информации и да ги избере само оние кои навистина ѝ требаат во одреден момент.

Затоа, личноста со когнитивно оштетување е бомбардирана со различни, за неа, збунувачки информации.

Поради дезориентираност, збунетост од околината и тешкотии во собирањето на мислите, изразот на лицето и говорот на телото на лице со деменција ќе укажуваат на неговата состојба.

На пример, не е реткост да излезат на улица без облека или да носат џемпер или јакна кога температурата на воздухот е висока, но и спротивното – да носат блуза со кратки ракави, кошула или папучи во текот на зимата.

Како да се пријде на лице за кое претпоставуваме дека е лице со деменција кое е изгубено?

Ако забележите таков човек треба да му пријдете.

Треба да му поставите неколку прашања.

Во смисла: Дали знаете каде сте? Поставете им прашање што нема да ги навреди: Може ли да ми кажете колку е часот – нема да може да ви го даде одговорот.

Во секој случај, освен објавите на социјалните мрежи, треба да се забрза процесот на пребарување и од страна на надлежните органи за што поскоро наоѓање на личноста.

За да си олесните и себеси и на вашиот близок кој има деменција, експертите препорачуваат носење на нараквица или часовници со ГПС следач кој ќе го лоцира движењето.

Има телефони кои се направени на тој начин за луѓето со когнитивни оштетувања да можат да се јават на некој близок. Тие не се стандардни телефони.

Или, треба да има картичка со потребните информации – на кого да се јават тие што ќе го најдат, на кој број.

Неодамна наидовме на еден пример кој најдобро го илустрира однесувањето на лице со деменција кое се изгубило.

Станува збор за пример на маж кој жена му го пратила да купи леб од пекарата спроти влезот на нивната зграда, па човекот отишол по леб, а потоа исчезнал. Го барале четири дена. По четири дена го нашле. Носел два леба под мишка, бил прегладнет, а не се сетил да го изеде лебот.

Повеќе за оваа состојба и за секојдневјето со човек кој има некој тип на деменција, можете да прочитате во книгата „Кога мама заборави дека ме сака“, лична приказна на авторката Драгица Русевска Христова, а во издание на „Топер“.

Повеќе