Рецепт постар од еден век: Супа со која педијатар спасил илјадници деца

Името Ернест Моро веројатно денес не ѝ значи многу на пошироката јавност, но лекарите го познаваат овој австриски педијатар како извонреден специјалист, чии откритија помогнале да се спасат илјадници бебиња и сѐ уште се користат во медицината.

505

Ернест Моро е роден во 1874 година, во Љубљана, која тогаш била дел од Австро-Унгарија. Студирал на Универзитетот во Грац, Австрија, а подоцна станал професор по педијатрија на Универзитетот во Хајделберг.

Во тоа време, педијатријата штотуку се развивала како независно поле на медицината во Европа, а стапката на смртност на доенчиња била многу висока, достигнувајќи речиси 25 проценти.

Една од главните причини зошто илјадници бебиња умирале тогаш била дијареата.

Д-р Моро успеал да најде начин да ги спаси тие бебиња, а неговиот лек бил едноставен и генијален во исто време.

Ернест Моро предложил на бебињата да им се дава супа од моркови приготвена по негов рецепт.

Се покажа дека оваа едноставна супа ја спречува дијареата кај доенчињата, дури и во нејзините најлоши форми, а овој рецепт помогнал да се спасат илјадници малечки.

Рецептот можете да го најдете ТУКА.

Подоцнежните студии покажале дека олигосахаридите кои се наоѓаат во оваа супа од морков ги спречуваат бактериите да се залепат на ѕидовите на цревата, спречувајќи ја дијареата.

Со текот на времето, овој лек беше заменет со антибиотици и лекови против дијареа, но во тоа време помогнал драматично да се зголеми стапката на преживување на новороденчињата.

Морово млеко за дополнително хранење на бебиња

Исто така, д-р Моро инсистирал на стерилизирање на шишињата за бебињата, како и на хранење на бебињата со мајчино млеко, што ги прави децата поотпорни на многу болести (многу подоцна станало јасно дека децата се заштитени со антителата на мајката, за разлика од вештачките млека кои воопшто не штитат).

Го измислил и „Моровото млеко“ за вештачко хранење на бебиња.

Тој откри лактобацили содржани во ферментираните млечни производи и ја покажал нивната предност.

Докторот го открил и рефлексот кој е присутен кај бебињата во првите месеци од животот: ако се создаде остар звук во близина на главата на бебето, тоа прво ќе ги рашири рацете, ќе ги рашири прстите, а потоа ќе ги спои рацете, правејќи тупаници.

Доколку овој рефлекс не постои, тоа е знак за оштетување или стагнација во развојот на централниот нервен систем.

На пример, рефлексот на Моро или неговото отсуство, исто така, може да укаже на церебрална парализа.

И покрај сите овие откритија, Моро живеел скромно, никогаш не му била дадена заслуга за споменатото откритие, веројатно затоа што неговата сопруга била Еврејка, па неговата академска кариера била прекината во 1930-тите.

Живеел до 74-годишна возраст, практикувајќи педијатрија во приватна пракса.

Повеќе