Децата ги наследуваат овие 4 особини од своите мајки

Од родителите наследуваме сѐ, од однесување до интелигенција…

151

Иако генетиката е сложена работа, истражувањата покажале дека некои специфични особини ги наследуваме само од нашата мајка.

Интелигенција

Големото истражување на Универзитетот во Глазгов, во кое биле анкетирани повеќе од 12.000 млади луѓе на возраст од 14 до 22 години, покажало кои фактори влијаат на интелигенцијата, вклучително и социо-економскиот статус и образованието.

Резултатите покажале дека мајката имала најголемо генетско влијание.

Нивниот коефициент на интелигенција варирал само за 15 поени во просек во споредба со оној на нивните мајки.

Навики и обрасци на спиење

Истражувањето објавено во списанието „Sleep Medicine“ минатата година покажало дека мајките им ги пренесуваат навиките за спиење на своите деца и дека децата чии мајки имаат проблеми со несоница легнуваат подоцна и помалку одмараат.

Интересно е што научниците не ја нашле истата врска со татковците.

Брзина на стареење

Се чини дека гените на нашата мајка влијаат на тоа колку брзо старееме.

Научниците од Институтот Макс Планк откриле дека митохондријалната ДНК, која ја наследуваме исклучиво од нашите мајки, може делумно да го контролира стареењето.

Меѓутоа, во студијата учествувале глувци, а не луѓе и потребно е дополнително истражување.

Минување низ менопауза

Се чини дека возраста во која ќе поминете низ менопауза може да ја наследите од вашата мајка. Студијата на Британскиот институт за истражување на ракот од 2011 година на над 2.000 жени покажала дека и раната и доцната менопауза (пред 45-та и по 55-та година) се наследуваат во семејството.

Откриено е дека жените чии мајки и сестри поминале низ менопауза рано или доцна имаат шест пати поголем ризик.

Сепак, истражувачкиот тим нагласил дека не е важна само генетиката, бидејќи и начинот на живот може да игра голема улога.

Така, на пример, жените кои пушат обично минуваат низ менопауза две години порано.

Повеќе