Дали верниците кои одат на литургија живеат подолго од луѓето кои не одат во црква?

Ако сакате долг живот, одењето во црква може да биде одговор на вашите молитви. Не значи дека мора да се замонашите, но едноставниот чин на собирање со заедницата на истомисленици би можело да ви донесе здравствени придобивки.

233


Бројни студии покажале поврзаност помеѓу присуството на верски церемонии и долгиот живот.

Една од најобемните, беше објавена во 2016 година во научната публикација JAMA Internal Medicine.

Ова истражување потврди дека жените кои посетуваат било каков вид на верска служба повеќе од еднаш неделно имале 33 отсто помали шанси да умрат од нивните врсници кои не присуствувале на верски служби.

Истражувањето ги следело испитаниците цели 16 години, пренесува Time.

Друга студија, објавена во 2017 година во списанието PLOS One, покажала дека редовното присуство на верски служби е поврзано со намалена реакција на телото на стрес и уште помала смртност.

Така, верниците имале 55 отсто помали шанси да умрат во текот на период од 18 години.

Се разбира, во споредба со луѓето кои не посетувале често црква, храм или џамија.

Сепак, не мора да се замонашите за да ги имате овие здравствени придобивки.

Според авторите на овие студии, едноставниот чин на собирање со заедница на истомисленици би можел да биде доволен.

Тајлер ВандерВил, еден од авторите на JAMA студијата и професор по епидемиологија на Харвард, навел зошто е толку корисно одењето во црква.

Тоа е постоење на социјална мрежа за поддршка, оптимистички став, подобра самоконтрола и чувство за цел во животот.

Тоа би можеле да бидат факторите кои се одговорни за долгиот живот на верниците.

Навистина, вредностите извлечени од религиозната традиција, како што се почитта, емпатијата, милосрдието, благодарноста, понизноста и медитацијата, се вистинскиот еликсир на долговечноста, анализираат научниците.

„Тоа се факторите за долговечност, а не догмата проповедана од олтарот“, забележува Хауард Фридман, професор по психологија на Универзитетот во Калифорнија, Риверсајд и коавтор на книгата The Longevity Project.

Поттикнувањето на овие квалитети може дури и да влијае на инциденцата на хронични болести, вели Марино Брус, коавтор на студијата објавена во PLOS One и научник од Универзитетот Вандербилт.

„Чувството дека не сте сами на светот, дека сте дел од сила поголема од вас, може да ви даде самодоверба да се справите со животните проблеми“, вели Брус.

„Биолошки, ако го намалува стресот, тогаш тоа значи дека е помала веројатноста да имате висок крвен притисок или дијабетес или други состојби кои можат да ја зголемат смртноста.

PLOS One е рецензирано списание со отворен пристап, кое го објавува Public Library of Science од 2006 година.

Списанието вклучува примарни истражувачки трудови од која било дисциплина во рамките на науката и медицината.

JAMA Internal Medicine е месечно рецензирано медицинско списание кое го објавува Американската медицинска асоцијација.

Излегува од 1908 до 2013 година под името Archives of Internal Medicine.

Повеќе