Кога бебето може да почне да пие вода и која вода е најдобра за него?

Мајчиното млеко и формулата обезбедуваат доволно хидратација на бебињата во тој период, така што во првите месеци од животот на бебето обично нема да му биде потребна дополнителна вода.

118

Советите за тоа кога бебето може да почне да пие вода варираат во зависност од препораката на педијатарот, а нивните совети најчесто упатуваат на воведување вода во периодот кога бебето почнува да јаде цврста храна, односно кашички.

Пред тоа, додека исхраната на бебето се базира исклучиво на мајчиното млеко или млечната формула, употребата на вода генерално не е потребна, бидејќи млекото што го пие бебето веќе содржи околу 85% вода во својот состав.

Додека се само на мајчино млеко или млечна формула, не им треба вода

Мајчиното млеко и формулата обезбедуваат доволно хидратација на бебињата во тој период, така што во првите месеци од животот на бебето обично нема да му биде потребна дополнителна вода.

Кога бебето ќе почне да внесува цврста храна во исхраната, можете да почнете да нудите мала количина на вода. Како што бебето расте и го зголемува внесот на храна, соодветно ќе го зголемува и внесот на вода.

Во некои специфични ситуации, на пример, кога е лето и времето е исклучително топло, бебето веројатно ќе бара повеќе вода од вообичаено.

Зошто на бебињата не треба да им се дава вода од чешма?

На бебињата никогаш не треба да им се дава вода од чешма, туку само висококвалитетна флаширана вода. Обидете се да изберете вода со ниска минерализација, од еколошки чист и строго контролиран извор.

Водата од чешма не е добра за бебињата, бидејќи може да содржи исклучително ниски концентрации на микроорганизми иако е бактериолошки исправна. Оваа концентрација нема да му наштети на возрасен, но потенцијално може да предизвика проблеми кај бебињата, бидејќи нивниот имунолошки систем е сè уште чувствителен.

Како да изберете вода за бебето?

Најдобра вода за бебиња е флашираната вода која е специјално означена како „бебешка вода“, која не треба дополнително да ја вриете, туку може да се користи за пиење веднаш по отворањето на шишето.

Изберете ниска минерализирана (67mg/l) вода, која е најпогодна за бебиња. Се препорачува да изберете флаширана вода за вашето дете со назнака на пакувањето дека има помала концентрација на минерали.

Овие типови на флаширана вода се специјално третирани за да се намалат ризиците од контаминација и да се обезбеди безбедна употреба.

Сепак, секогаш консултирајте се со педијатар за да добиете прецизни упатства и препораки.

Повеќе