Ова е возраста кога почнуваме да се претвораме во нашите мајки

Прeтворањето во своите родители е само прашање на време, а една неодамнешна студија ја открила точната возраст кога ќерките почнуваат да ги попримаат навиките на своите мајки.

37

Дали се претворивте во вашата мајка? Науката вели дека постои точна возраст кога тоа ќе се случи! Една неодамнешна студија покажа дека на одредена возраст навистина почнуваме да се претвораме во својата мајка.

Излегува дека прeтворањето во своите родители е само прашање на време, а една неодамнешна студија ја открила точната возраст кога ќерките почнуваат да ги попримаат навиките на своите мајки.

Истражувањето спроведено од платформата thortful.com открило дека се претвораме во нашите мајки околу 36-тата година. Звучи познато?

Студијата покажала и кои особини најчесто ги наследуваме, вклучувајќи и одредени родителски склоности.

Што наследуваме од нашите мајки?

Најочигледното нешто што го наследуваме е нашата фигура!

Генетиката игра голема улога во нашата тежина и конституција, а речиси четвртина од испитаниците (24%) изјавиле дека токму од нивната мајка го наследиле обликот на телото.

После тоа, другите наследени особини се потесно поврзани со личноста.

Така, 22% од учесниците признале дека ја наследиле склоноста на мајката да биде „шеф“, додека 20% рекле дека ја усвоиле и навиката за постојано да негодуваат.

Знаци дека сте станале како мајка ви

Уште еден начин на кој стануваме како нашите родители е менувањето на начинот на кој го поминуваме слободното време.

Огромното мнозинство од испитаниците (92%) веруваат дека со возраста, ноќта помината дома е подобра од излегувањето.

Понатаму, 86% од учесниците сакаат да си легнуваат рано, додека 81% повеќе не чувствуваат потреба да одат во ноќни клубови.

Но, не е сѐ толку лошо!

Мнозинството од испитаниците (68%) рекле дека повеќе уживаат во животот како што стареат – можеби да се претвориш во својата мајка не е најлошото нешто на светот!

Повеќе