Работи што треба да ги знае секој пред да стане родител
Бегањето од сопствените обврски е неприфатливо. Кога ќе одлучите да имате деца, тоа е одлука до крајот на животот. Нема поправка или враќање. Направете сè што треба во даден момент од нивното растење, за да не жалите подоцна. Тоа е доживотна обврска. Крварете за нив, посветете им се колку и да ви е тешко во моментот. Еден ден секако ќе одлетаат од вашето гнездо
Невозможно е да се знае како е да се биде родител додека немате свое дете. Никакви приказни, книги или туѓи искуства не можат да ве подготват за ова бидејќи секое родителско искуство е различно и единствено, исто како и секое дете.
Но, секој иден родител треба да знае некои генерални работи за тоа како е да се има дете.
На секое дете му треба нешто малку поинакво.
На секое дете му треба нешто малку поинакво од вас. На некои им треба постојано внимание, а некои треба да се остават на мир. Вашето дете ќе ви каже што му треба на суптилни и помалку суптилни начини.
Децата се развиваат со свое темпо.
Учење на нокшир, зборување, самостојно јадење – сето тоа се работи што ги прават децата, но секое дете се соочува со нив во различни фази и му треба различно време за да ги усвои.
Не се откажувајте и продолжете да се обидувате. На крајот ќе успее.
Олеснете си
Развијте смисла за хумор или негувајте го оној што веќе го имате, ќе ви треба. Чувството за хумор ќе ви го одржи здравиот разум.
Недостатокот на сон е реален
Осум часа непрекинат сон ќе станат само плод на вашата фантазија. Спиење подолго? Нема шанси! Кажете му збогум на тоа. Послужете се со војнички трик и научете да спиете кога можете, каде и да можете.
Децата знаат да полудат буквално за ништо
Децата целосно ќе го изгубат умот поради ништо. Ништо не сте згрешиле, децата едноставно не знаат да ги контролираат своите емоции.
Децата ги поместуваат границите
Кажете му на детето да не прави нешто и ќе се насмее и ќе го направи токму тоа пред вас, за да види што сè може да му помине без последици. Децата ќе ги поместат границите што ќе им ги поставите. Бидете силни. На децата им требаат граници за да се чувствуваат заштитени и да научат што е прифатливо однесување, а што не.
Децата сакаат да истражуваат
Децата ќе бидат заинтересирани за сè. Тие можат да бидат минијатурни Худини кога сакаат да бидат. Сакаат да истражуваат и учат. Нивниот мозок во развој ги тера да бараат нови работи. Бидете внимателни, но нека учат и истражуваат секогаш кога е можно.
Слободно направете им тестенини
Обезбедете си тестенини без грижа на совест. Понекогаш едноставно нема да имате време да подготвите нешто друго за јадење.
Секогаш бидете внимателни.
Развијте ја вашата свест за ситуацијата. Децата ќе заталкаат или ќе западнат во неволја кога ќе го свртите вниманието од нив. Ако е тивко, тоа значи дека тие нешто спремаат.
Работете на сопственото трпение
Децата не се возрасни и не можат целосно да се контролираат. Децата ќе ве налутат – вдишете длабоко и опуштете се. Не одговарајте им со лутина. Бидете цврсти, но имајте контрола над себе. Децата ќе го тестираат вашето трпение.
Прифатете го повторувањето
Децата учат преку повторување. Тие ќе повторуваат фрази, зборови, песни или дејства. Тие ќе го гледаат истиот филм или шоу или ќе слушаат исти песни сто пати. Ќе мора да им ги повторувате работите додека не разберат.
Престанете секогаш да ги држите работите под контрола
Поставете граници и потоа оставете го вашето дете да се опушти во тие граници. Не се обидувајте да ја контролирате секоја негова постапка или одлука. Децата имаат свое чувство за одговорност. Нека сфатат кои се самите, во границите на безбедноста и пристојноста.
Прифатете ја рутината
Најдете рутина што ќе функционира за сите и навикнете се на неа. Децата ја сакаат рутината и можат да бидат вознемирени кога таа рутина ќе се промени. Ова е двојно точно за децата со ментална попреченост.
Не манипулирајте со награди и казни
Поткупот и заканите функционираат само на краток рок. Детето ќе сфати како функционира или ќе се измори од наградите/казните. Позитивното охрабрување и познатите казни за лошо однесување функционираат кога се применуваатдоследно.
Бидете свесни за сопствените зборови
Децата слушаат сè што ќе кажете и ќе го повторат во најлошиот можен момент.
Бидете свесни за сопствените постапки
Децата ќе го имитираат вашето однесување и тон. Мора да бидете пример.
Не сте пријател на вашето дете.
Ако детето е постојано задоволно со вас, тогаш вие ги запоставувате вашите должности. Вие не сте пријател на вашето дете. Вие сте негов родител, а понекогаш тоа значи да бидете негативец.
Сакате цртани филмови, нели?
Ќе ја знаете секоја песна и секој реченица од некој цртан филм. Ќе се фатите како гледате детска програма и додека вашето дете не е со вас.
Управувајте со вашето време мудро
Децата имаат рутина, а вие имате работа. И двајцата имате некои интереси. Ќе треба да најдете време за се, не само за слободни активности и хоби, туку и за заедничко дружење.
Децата се како возење во забавен парк.
Еден момент се најсреќни на светот, во следниот е апокалипсата, а потоа повторно се весели. Опсегот на емоции на децата е огромен и тие ќе скокаат од добро на лошо расположение и обратно. Препуштете се и уживајте во возењето.
Ценете ги малите моменти
Меѓу валканите пелени и со ништо непредизвикани изливи на бес, ќе има минливи моменти на чиста радост. Тие ќе бидат врежани во вашата меморија. Ценете ги.
Прифатете го хаосот
Не можете да го контролирате ветрот, сè што можете да направите е да ги прилагодите едрата. Не обидувајте се да одржувате строга контрола над вашите деца или вашиот живот. Бидете флексибилни и научете да се наведнувате за да не се скршите.
Изберете ги вашите битки
Можете да ги насочувате децата да одат во некоја општа насока во која сакате да одат, но тие ќе одат и надвор од таа насока. Ако се карате со нив за сè, тие уште повеќе ќе се побунат. Бидете цврсти во важните работи и флексибилни во сè друго.
Бидете цврсти и доследни
Децата сакаат структура и граници, исто како и сите други. Поставете правила и граници во вашето домаќинство и потоа спроведувајте ги тие правила доследно и цврсто.
Откажувањето не е опција
Бегањето од сопствените обврски е неприфатливо. Кога ќе одлучите да имате деца, тоа е одлука до крајот на животот. Нема поправка или враќање. Тоа е доживотна обврска. Бегањето од сопствените обврски е неприфатливо. Кога ќе одлучите да имате деца, тоа е одлука до крајот на животот. Нема поправка или враќање. Направете сè што треба во даден момент од нивното растење, за да не жалите подоцна. Тоа е доживотна обврска. Крварете за нив, посветете им се колку и да ви е тешко во моментот. Еден ден секако ќе одлетаат од вашето гнездо.