Најсреќните парови негуваат четири особини и навики

Исклучете ги мобилните телефони и другата технологија и искористете го времето за да разговарате и да уживате во меѓусебното друштво, вели советничката и терапевтка Лиен Авила

33

Еден од најдобрите начини за паровите да ја зајакнат својата врска е создавање на свои ритуали и традиции. Со ритуалите на поврзување се негуваат здрави врски и долготрајна љубов, а токму тие се една од клучните карактеристики на стабилните и среќни парови.

Малите нешта што партнерите ги прават заедно помагаат во изградба на заедничко значење и блискост, што придонесува за стабилна и исполнета врска. Важно е да најдете мали, но значајни начини за продлабочување на интимноста и зајакнување на емоционалната врска.

Советничката и терапевтка Лиен Авила ги споделува клучните особини на паровите кои природно остануваат вљубени:

Се грижат еден за друг
Она „И во добро или во зло“ важи секој ден. Направете му на вашиот партнер супа за време на болест, донесете му лекови и утешете го на кој било начин. Кога партнерите се грижат еден за друг дури и кога не се чувствуваат најдобро, тоа ја продлабочува блискоста и довербата“, објаснува Авила за YourTango.

Се извинуваат и го поправаат односот по расправија
Конфликтите се неизбежни во секоја врска, но начинот на кој паровите ги решаваат кажува многу за нивната поврзаност.

„Искреното извинување и разговорот за чувствата по расправијата ја зајакнуваат меѓусебната посветеност и стабилноста на врската“, истакнува советничката.

Создаваат нешто заедно

„Дури и ако ниту еден од вас не е особено креативен, обидете се да создадете нешто заедно – без разлика дали станува збор за сликање, цртање или пишување. Креативните активности овозможуваат изразување на чувствата и ја зајакнуваат врската меѓу партнерите“, вели Авила.

    Заедничкото создавање уметност може значително да го подобри задоволството од врската, да поттикне подлабока комуникација и да обезбеди простор за невербално изразување.

    „Студиите од областа на уметничката терапија потврдуваат дека таквите активности можат да помогнат во решавањето на конфликтите и подобрување на интимноста во односите“, додава таа.

    Ги споделуваат оброците

    „Во забрзаниот начин на живот, лесно е да се пропушти можноста за заеднички оброци, но дури и само еден заеднички оброк на ден може да биде можност за поврзување.

    Исклучете ги мобилните телефони и другата технологија и искористете го времето за да разговарате и да уживате во меѓусебното друштво“, заклучува советничката.

      Повеќе