Додека родителите се обидуваат нивните бебиња постојано да се добро облечени, да им биде топло и удобно, бебињата се чини како да имаат нешто против чорапите и постојано ги соблекуваат!
Веднаш штом ќе стигнат до фазата во која можат да стигнат до нозете со своите рачиња, започнува секојдневната „борба“ со чорапите, што значи нивно постојано соблекување.
Една мајка сакала да им помогне на родителите бидејќи сите знаеме дека оваа фаза на соблекување и облекување на чорапите по „сто пати“ на ден ги излудува мајките и татковците, па споделила трик што го научила од воспитувачка во градинка.
Таа објавила видео на Тик-Ток во кое покажува како да се реши овој проблем – чорапите и хулахопките се залепени со парче селотејп, по можност од оние хартиените, така што лентата е свртена вертикално, од чорапчето до ногата.
Како што објаснила мајката, и самата била изненадена од овој трик бидејќи така облечено си го зела своето бебе од градинка.
„Кога на тетките од градинка ќе им здосади да му ги облекуваат чорапите на вашето бебе, знаејќи дека повторно ќе ги соблече“, напишала таа во описот на видеото, откривајќи трик кој може да спаси многу нерви.