Дисциплинирање без викање: Како да поставите граници без конфликт

Родителството носи многу радост, но и моменти кога е тешко да се најде вистинскиот начин да се постават граници и да се разбере однесувањето на децата.

81

„Децата понекогаш може да покажат однесувања што родителите тешко ги разбираат, што може да предизвика фрустрација. Сепак, комуникацијата е основата на здравата врска родител-дете. Родителите играат голема улога во тоа како детето учи да ги изразува и да се справува со своите емоции“, објаснува професорот Мет Батери за Mirror.

Како да му помогнете на детето во изразувањето емоции?

Разговорот со вашето дете за емоциите му помага да ги разбере и да ги изрази на здрав начин. Батери ги советува родителите да внимаваат на реакциите на децата и да поставуваат прашања кои поттикнуваат размислување. На пример, ако детето покажува лутина, наместо веднаш да го прекорите, обидете се да го прашате: „Ми се чини дека си лут. Дали е тоа затоа што нешто ти се чини неправедно?“ На овој начин детето учи да ги препознава сопствените чувства и да најде подобар начин да се справи со нив.

Родителскиот пристап полн со разбирање носи подобри резултати

Иако методите како „тајм-аут“ (привремено отстранување од ситуацијата) се вообичаен начин на дисциплинирање, експертите истакнуваат дека позитивното родителство може да биде поефективно. Пофалбата за пожелните однесувања често даваат подобри резултати од казната.

„Давањето конкретни пофалби, како: „Ти благодарам што ги собра играчките“, му помага на детето да се чувствува добро во врска со себеси“, објаснува Батери. „Преку таквите пофалби, децата доживуваат внатрешна награда – чувство на задоволство затоа што направиле нешто добро“.

Со рутина до подобро однесување
Јасните правила и секојдневната рутина можат да го намалат стресот и да им обезбедат на децата чувство на сигурност.

„Подготвувањето на ташната или на облеката од вечер ги олеснува утрата, додека редовното време за спиење и ограничувањето на времето пред екранот поттикнуваат здрави навики“, вели Батери. Доследноста создава стабилна средина и им помага на децата да развијат организациски вештини. Трпението, комуникацијата и рутината се клучни за позитивна семејна средина.

Повеќе