Родителите доживуваат стрес поради своите деца 6 пати на ден – еве кои се најголемите тригери

Родителите се поради децата под стрес шест пати дневно, осум дена во месецот чувствуваат дека им треба одмор и време за себе, а за да излезат од дома им треба двојно повеќе отколку пред доаѓањето на детето.

60

Родителите доживуваат стрес шест пати на ден поради нивните деца, покажала една неодамнешна студија спроведена во Велика Британија.

Најголемиот стрес за нив е испраќањето на децата во кревет, неделното купување намирници со нивните деца и заедничкиот ручек. Родителите нагласиле дека им предизвикува високи нивоа на стрес и постојаната грижа за тоа нивното дете да ја направи домашната задача и да научи сè за на училиште, како и бањањето пред спиење.

Високо на листата на работи кои им предизвикуваат стрес е фактот што тие често брзаат дома од работа за да бидат со своите деца, планираат мени и се грижат за правилната исхрана на децата. Родителите кои учествувале во студијата рекле дека веруваат дека децата на возраст од пет години се најтешки.

„Одговорно да ја вршите својата работа и истовремено да се грижите за вашите деца понекогаш изгледа невозможно, па дури и наједноставните задачи околу децата може да изгледаат невозможно да се завршат со мирна глава“, велат родителите.

Ги излудува и кога децата тајно јадат слатки пред оброците, цртаат по ѕидовите и теписите или одбиваат да се облечат кога треба да одат некаде. Детските лудории се исто така значаен поттик за стрес, а родителите наведуваат работи како влегување во машината за миење садови, криење во корпата за валкани алишта и правење неред во продавница или во ресторан.

Родителите велат дека, во споредба со претходно, им треба двојно повеќе за да излезат од дома, дури 12 минути повеќе отколку пред децата. За купување намирници заедно со своите деца им требаат 14 минути подолго, за да утринското подготвување им требаат 11 минути подолго отколку порано, а заедничкиот појадок трае 12 минути подолго.

Родителите откриваат дека се сериозно загрижени за своите деца и нивното однесување дури 40 минути дневно, а во просек, осум дена во месецот, чувствуваат дека им треба малку одмор или време да поминат сами со себе.

Повеќе