Неправилната употреба може да биде опасна! Како да ја вметнете менструалната чашка?

Иако компликациите се ретки, можни се инфекции, болка, вагинални повреди, алергиски реакции, крварење, уринарна инконтиненција или синдром на токсичен шок.

32

Менструалните чашки станаа популарен и поеколошки начин за управување со менструацијата. Но, еден нов случај ја нагласува важноста од нивната правилна употреба. Неодамнешниот извештај во списанието BMJ го опишува случајот на девојка од Данска во 30-тите години, која била лекувана од болки во десната страна на желудникот и долниот дел на стомакот, со присуство на крв во урината. Овие симптоми се јавувале неколку пати неделно, во траење од околу еден час, во текот на шест месеци.

По прегледот и разговорот со пациентката, лекарите заклучиле дека нејзините симптоми се поврзани со употребата на менструална чашка. Ја советувале да престане да ја користи, а по еден месец симптомите целосно исчезнале.

Снимката покажала дека чашката била сместена на десната страна од вагината и го притискала отворот на уретрата кон мочниот меур. Уретерот е цевка која ја носи урината од бубрезите до мочниот меур, како што објаснила за Health авторката на студијата Клара Мааруп Прип, уролог од Aarhus University Hospital.

Со други зборови, менструалната чашка го попречувала протокот на урина од десниот бубрег до мочниот меур, предизвикувајќи воспаление и други симптоми, додала Прип.

Според д-р Џилијан ЛоПиано, гинеколог, ваквите случаи се исклучително ретки, а досега се пријавени само неколку слични инциденти.

Гинекологот Др. Мајкл Балдониери за Health нагласува дека голем број фактори мора да се совпаѓаат за да се појават такви компликации, вклучувајќи ја големината и положбата на чашката, должината на употреба и специфичната анатомија на пациентката.

Затоа ваквите проблеми се многу ретки при редовна употреба на менструални чашки.

Сепак, овој случај служи како потсетник за важноста на правилното поставување и користење на менструалните чаши. Извештајот ја нагласува потребата за поголема свесност за можните компликации, правилен избор на обликот и големината на чашата и правилен метод на вметнување.

Дознајте подолу како правилно да ја ставите менструалната чашка.

Што е менструална чаша?

Менструалните чашки се направени од медицински силикон или термопластични еластомери, а нивниот флексибилен дизајн им овозможува да се вметнат во вагината слично на тампоните. Нивната функција е да ја собираат менструалната крв.

Мали, во форма на ѕвонче и за повеќекратна употреба, менструалните чаши создаваат нежен вакуум кој го спречува истекувањето, објаснила д-р ЛоПиано.

Чашките може да се користат до 12 часа пред да треба да се испразнат, измијат и повторно да се вметнат. Повеќето од нив се дизајнирани за долготрајна употреба, а некои можат да траат и до 10 години. Има и еднократни варијанти.

Поради нивната практичност и еколошка пријатност, менструалните чаши стануваат сè попопуларни.

Според истражувањата, околу 19% од жените ги користат, најмногу на возраст од 20 до 30 години. Сепак, оваа бројка варира во зависност од регионот – во САД, околу 10% од жените ги користат, додека стапките на употреба варираат во други земји, како Турција (7%) или Бразил (23% меѓу студентките).

И покрај нивните предности, менструалните чашки не се толку распространети како влошките и тампоните, делумно поради одредени недостатоци.

На пример, можеби е непрактично да ги менувате во јавните тоалети бидејќи треба да се измијат темелно пред повторна употреба. Исто така, жените кои користат интраутерини помагала (спирала) треба да се консултираат со лекар пред да користат менструални чаши, бидејќи во ретки случаи може да предизвикаат поместување на спиралата.

Иако компликациите се ретки, можни се инфекции, болка, вагинални повреди, алергиски реакции, крварење, уринарна инконтиненција или синдром на токсичен шок.

Како да вметнете менструална чаша?

И покрај нивната зголемена популарност, истражувањата покажуваат дека многу жени немаат доволно информации за правилниот избор и употреба на менструалните чаши.

Затоа е важно да знаете како правилно да ја вметнете.

Британско истражување од 2021 година покажало дека не постои јасно правило за односот помеѓу големината, обликот и материјалот на чашата и нејзиниот капацитет или цврстина. Затоа корисничките често не можат однапред да знаат која чаша најмногу би им одговарала, а изборот на погрешна може да предизвика непријатност или повреда.

Доколку не сте сигурни која чаша да ја изберете, најдобро е да се консултирате со гинеколог. Правилното вметнување на менструална чаша бара малку вежбање.

Студијата од 2019 година покажала дека четвртина од жените имале потешкотии да ја користат чашата првиот пат, но повеќето се навикнале на тоа до третиот менструален циклус.

Важно е да ги измиете рацете со сапун и вода пред да ја ставите чашата. Чашата потоа се превиткува – најчеста е техниката на преклопување C, но има и други методи, како што е превиткување во форма на бројот 7 или дијамантно превиткување. Чашата треба да се стави под грлото на матката, пониско од тампоните, но не треба да излегува надвор од телото или да предизвикува непријатност.

По вметнувањето, чашката се отвора и нејзините рабови притискаат на ѕидовите на вагината, создавајќи нежен вакуум. Повеќето чаши имаат мало продолжување на дното за да помогне во отстранувањето и тоа би требало да биде поставено веднаш над вагиналниот отвор.

Менструалната чаша не треба да предизвикува болка или непријатност. Ако чувствувате непријатност, може да не е правилно поставена или големината не е соодветна.

Кога ја вадите, треба нежно да ги притиснете страните на чашата за да го намалите вакумот, а потоа полека да ја извлечете за да избегнете крварење. По празнењето, чашата треба да се измие со топла вода и сапун пред повторно да се употреби.

Менструалните чаши се само еден од многуте начини за управување со менструацијата. Бидејќи секој човек има единствена анатомија, не постои универзално решение кое одговара на секого.

Најдобар метод за управување со менструацијата е оној кој најдобро функционира за вас. Доколку некој производ за менструација предизвикува болка, пожелна е консултација со гинеколог, заклучил д-р Балдониери.

Повеќе