Децата не треба да пијат сокови со вештачки засладувачи, предупредуваат експертите

Научниците велат дека ограничувањето на внесот на засладени пијалаци во раното детство значи дека децата се навикнуваат да пијат незасладени пијалаци.

123


На децата од предучилишна возраст не треба да им се даваат пијалаци полни со шеќер или вештачки засладувачи, велат британските експерти. За децата помлади од пет години веќе е советувано да не консумираат слатки пијалаци. Сега експертите кои ја советуваат британската влада рекле дека не би требало да им се даваат „пијалаци засладени со шеќер или со засладувачи без шеќер“.

Научниците велат дека ограничувањето на внесот на засладени пијалаци во раното детство значи дека децата се навикнуваат да пијат незасладени пијалаци. Но, за постарите деца, засладувачите „може да помогнат во намалувањето на внесот на шеќер“, велат експертите.

Научниот советодавниот одбор за исхрана на британската влада (SACN), исто така, рекол дека на помалите деца треба да им се дава „незасладена храна (незасладена со шеќер или со вештачки засладувачи)“.

Нискокалорични или засладувачи без калории се користат наместо шеќер за засладување на некои видови храна и пијалаци. Овие состојки се наоѓаат во производи како што се пијалаци, слатки и готови оброци и колачи.

Повеќе