Ова е количината на пелени што ги троши бебето во првата година

Кога очекувате бебе, сите ви зборуваат за љубовта, за бебешкиот прекрасен мирис, за таа прва насмевка… и да, сето тоа е апсолутно вистина. Но, знаете што никој не ви кажува? Колку пелени ќе смените? Колку влажни марамчиња ќе искористите…

26

Кога имате бебе, ви се чини дека деновите се вртат во круг: хранење, пресоблекување, заспивање… и потоа сè почнува одново. Вашиот ден изгледа како да сте заглавени во бебешка верзија на филмот „Бескраен ден“. И тоа не е впечаток – тоа е реалност.

Но, иако го знаеме сето ова, бројот на пелени што се користат во првата година сепак може да нè изненади. И да не шокира. И да нè натера малку да ги преиспитаме сите оние „само основни потреби“ што сме ги ставиле на листата за бебето.

Според анкета на британски синџир супермаркети, спроведена меѓу 1.000 родители кои имале бебе во последните десет години, во првата година од животот, детето во просек ќе „потроши“:

3.365 пелени
5.238 влажни марамчиња
Звучи како многу? Па… многу е. И тоа не е сè… Родителите во истата анкета признале дека:

спиеле во просек 4 часа по ноќ
правеле дури 18 фотографии од своето бебе дневно, што изнесува околу 6.689 фотографии годишно! Да, албумот во облак за бебето е преполн дури и пред да почне да јаде цврста храна.
И иако ви се чини дека не правите ништо друго освен што го пресоблекувате и го смирувате, само погледот на бројот на фотографии што ги правите патем зборува за тоа колку убави работи се случуваат, дури и во најзаморните денови.

Повеќе