Зајакнете го имунитетот на децата пред патување и годишен одмор

Овој пробиотски производ содржи 15 милијарди корисни микроорганизми (Lactobacillus acidophilus, Bifidobacterium lactis и Saccharomyces boulardii), инулин, витамин Д3 и цинк, наменети за поддршка на имунитетот и дигестивната микрофлора кај деца постари од една година.

24

Патувањата, покрај возбудата и новите искуства, носат и зголемена изложеност на различни микроорганизми, промени во исхраната, како и адаптација на нова клима. Со доаѓањето на сезоната на патувања и летни одмори, пред родителите повторно се отвора прашањето – како да обезбедат нивните деца да патуваат здрави и полни со енергија, без непријатни изненадувања како стомачни тегоби или настинки?
Навремена и соодветна поддршка на дигестивниот и имунолошкиот систем може да помогне во спречување на овие потенцијални предизвици.

Како влијае на детето вклучување на производ што комбинира пробиотици, пребиотици, цинк, и витамин Д?
Од пробиотикот
се очекува да ги намали симптомите и времетраењето на дијареата. Пробиотикот има важна улога во одржување на здравата цревна микрофлора, но и во зајакнување на општиот имунитет.

Најчесто користени се бактерии кои поддржуваат здрав дигестивен систем и имунолошка функција – Lactobacillus acidophilus и Bifidobacterium lactis. Овие бактерии придонесуваат за здрава цревна микрофлора, превенираат стомашни инфекции и го јакнат природниот имунитет.

Исто така пробиотската габа Saccharomyces boulardii помага во одржување на балансот на цревната микрофлора преку дирекна компетитивност со патогените микроорганизми.
Како поддршка на пробиотиците тука се пребиотиците како што е инулинот, кој претставува еден вид на храна за пробиотските бактерии, која ја потпомага нивната колонизација и го зголемува нивниот број особено на лактобацилите и бифидобактериите.
Цинкот е есенцијален минерал со клучна улога во функционирањето на имунолошкиот систем. Тоа е важен минерал кој ги штити клетките од оксидативен стрес. Тој придонесува за формирање и активирање на белите крвни клетки, кои се прва линија на одбрана од инфекции. На телото му е потребен во мали количини но има значајна улога за одржување на психо-физичкото здравје на човекот. Тој ја поддржува и функцијата на дигестивниот систем и учествува во процесите на заздравување на ткивата. Најмногу се складира во мускулите и коските, каде има улога во создавањето на коскената маса.
Витаминот Д не само што придонесува за здрава минерализација и раст на коските, туку и има значајно влијание врз имунолошкиот систем. Тој го поддржува одговорот на телото на инфекции и е особено важен во периоди кога децата се изложени на климатски промени, стрес од патувања или доаѓаат во контакт со нови патогени.
При изборот на пробиотски производи покрај составот важна е и формата и вкусот на производот за полесно прифаќање од страна на децата. Кога се во форма на прашок во кесички лесно се мешаат со оброк или пијалак и лесно се употребуваат.

Немањето на вкус исто така помага за поголема прифатливост од страна на детето консумирање со вода, сок или друго.

Важно е да се следат упатствата на производот и да не се надминува препорачаната дневна доза. Со внимателен избор, ваквите производи можат да бидат вреден дел од дневната рутина за здравјето и благосостојбата на детето.
Фармацевтската компанија Галеника во составот на својот производ Flonivin Kids Immuno ги има вклучено токму овие компоненти како уникатна комбинација.

Flonivin® Kids Immuno е наменет за имунитетот и дигестивната микрофлора на децата и претставува уникатна пробиотска формулација со соеви на корисни бактерии за кои е докажано дека им помага на децата да останат здрави. Ги штити цревата од штетни бактерии, микроорганизми и токсини. При тоа, помага и за подобра апсорпција на калциум и фосфор потребни за градба на коските.
Овој пробиотски производ содржи 15 милијарди корисни микроорганизми (Lactobacillus acidophilus, Bifidobacterium lactis и Saccharomyces boulardii), инулин, витамин Д3 и цинк, наменети за поддршка на имунитетот и дигестивната микрофлора кај деца постари од една година.
Еднаш дневно, содржината на кесичката се може да се раствори во чаша ладна вода и се дава на детето да ја испие, пред оброк, и со доволна количина вода.
Flonivin® Kids Immuno е наменет за деца над 1 година.

Повеќе