Две деца кои јаделе гумени бонбони со канабис завршиле во болница

Едно дете паднало во кома откако изело бомбони Харибо за кои се покажало дека содржат канабис, потврди болницата Зикенхуисгроеп Твенте (Ziekenhuisgroep Twente) во Холандија.

94

Мало дете кое се разболело откако јадело бомбони Харибо што содржеле канабис е во кома во болницата, потврдиле од болницата „Зикенхуисгроеп Твенте“ (ZGT) во Холандија.

Всушност, според NL Times во случајот биле вклучени две деца, едно дете од градинка и едно од предучилишна возраст.

Тие првично биле донесени во болница во Алмело, а потоа детето кое било во посериозна состојба, односно, во кома, било префрлено во друга, поспецијализирана болница.

„Двете деца сега се чувствуваат добро“, рекол портпаролот на болницата и изјавил дека не можат да дадат дополнителни детали поради заштита на приватноста, но нагласил дека инцидентот првично не бил сфатен сериозно.

„На почетокот се шегувавме за тоа, но се покажа дека е многу посериозно отколку што мислевме“, рекол портпаролот. Двете деца беа однесени во болница во Алмело, а детето кое беше во сериозна состојба подоцна беше префрлено во специјализирана установа“, рекол тој.

Полицијата започнала истрага за тоа како канабисот се нашол во комерцијално достапните бомбони. Од Харибо изјавиле дека „олеснителна околност“ е тоа што децата се надвор од опасност и дека соработуваат со властите во истрагата.

Официјалната причина за контаминацијата сè уште не е позната. Како што беше објавено пред неколку дена, холандскиот орган за безбедност на храна и производи за широка потрошувачка (NVWA) објави дека е пронајден канабис во килограмски кеси со бомбоните Happy Cola F!ZZ на Харибо, поради што производот е повлечен од продажба низ целата земја.

Откритието се случило по извештаите дека неколку членови на семејство кои го јаделе производот се разболеле, објави NL Times. Досега се идентификувани само три кеси со бомбони контаминирани со канабис, но Харибо ја повлекува целата серија како мерка на претпазливост.

Повеќе