Зошто децата не треба да се смируваат со екрани

Американската академија за педијатрија (AAP) не препорачува изложеност на екран за бебиња помлади од 18-24 месеци и го ограничува времето поминато пред екран на помалку од 1 час дневно, за деца од 2-5 години.

24


Сензорната интеграција е процес на организација на сензации од сопственото тело и околината со цел адаптација. Сензациите ги примаме преку нашите сетила, за допир, вид, слух, мирис и вкус, преку вестибуларниот систем, проприоцептивниот систем кој ни дава чувство за сопственото тело и интероцептивниот систем од кој примаме информации од внатрешните органи. За да функционира оптимално, потребно е: добра сензорна регистрација, ориентација и внимание, толкување на информациите, организација и крајно извршување на одговорите.

Податоците од истражувањата објавени на почетокот на 2024 година покажуваат дека децата кои биле изложени на екрани во првите две години од животот се изложени на поголем ризик од развој на одредени тешкотии со сензорната интеграција.

Атипичните однесувања најчесто се манифестираат како хипосензитивност (недоволна чувствителност), хиперсензитивност (пречувствителност) или поради ниска регистрација, барање интензивна стимулација во околината, како што се гласни звуци или силни светла.

Намалената чувствителност често се манифестира како неодзивање на име кај децата на возраст под три години.

Резултатите од сензорната обработка биле добиени со помош на прашалник пополнет од родители/старатели.

Испитуван е начинот како децата бараат силни сензации во форма на прекумерно допирање или мирисање предмети; со сензорна преосетливост тие реагираат со вознемиреност кога се изложени на силни светла или звуци и со избегнување на сензации со обид да ја контролираат својата околина со цел целосно да избегнат ситуации како што се миење заби или капење, чешлање на косата, шишање на косата.

До 12-месечна возраст, прашањето било дали децата гледаат телевизија или не, а за постарите деца: колку часа дневно во просек гледале телевизија/ДВД во последните 30 дена?

Резултатите биле дека децата постари од 12 месеци кои гледале телевизија покажале изразено однесување во споредба со типичното, условено од сензорна обработка и ниска регистрација на 33 месеци.

На 18 месеци, секој дополнителен час поминат пред екранот го зголемувал ризикот од тешкотии во процесите на сензорна интеграција во форма на изразено однесување во споредба со типичното и подоцнежното избегнување на сензации.

На 24 месеци, со зголемена изложеност на екрани, се зголемило „барањето“ на силни сензации, сензорната преосетливост и избегнувањето на сензации на 33 месеци.

Тешкотиите во сензорната интеграција поврзани со времето што децата го поминуваат пред екраните се одразиле и во други развојни области, децата прозборувале подоцна, имале проблеми со спиењето, хранењето, однесувањето, во одржувањето на вниманието и решавањето проблеми што што води кон нарушување на вниманието и хиперактивност, некогаш и во спектарот.

Кај децата со спектарот на аутизам е изразено барање или избегнување на сензации, сензорна преосетливост и ниска регистрација, што се манифестира како раздразливост, проблеми со јадењето и спиењето и социо-емоционални интеракции. Кај децата со ADHD, тоа се изразува во извршни функции, зголемена анксиозност и низок квалитет на живот.

Во случај на веќе постоечки проблеми предизвикани од изложеност на екран, покрај намалувањето на времето поминато пред екран и целосно елиминирање на екраните, со цел да се намалат и ублажат тешкотиите, децата треба да бидат вклучени во терапија за сензорна интеграција спроведена од специјално обучени професионалци.

Американската академија за педијатрија (AAP) не препорачува изложеност на екран за бебиња помлади од 18-24 месеци и го ограничува времето поминато пред екран за деца од 2-5 години на помалку од 1 час дневно.

И покрај сите докази за штетност, многу деца се изложени на екрани во голема мера, особено денес кога паметните телефони се на дофат на сите и многу често им се даваат како средство за смирување од страна на родителите.

Текстот е од ТУКА.

Повеќе